Интелигентниот iR3180C/Ci мултифункционален црно-бел уред со многу пристапна цена, кој истовремено ви овозможува и комуникација во боја - но само онаму каде што е потребна.
Користете ја бојата на интелигентен начин Додадете само малку боја - на вистинските места - и таа ќе стаса далеку. Наместо трошокот и нервозите со бројни печатачи по бироата, iR3180C/Ci ви дава еден мултифункционален уред кој ви дава селективно да ја користите бојата и на интелигентен начин да ја појасните вашата комуникација - максимизирајќи го впечатокот и минимизирајќи ги притоа трошоците.
Поставете го печатењето да биде стандардно во црно-бело или одберете го автоматското чувствување на бојата, на Canon, за најновите достигнувања во интелигентното печатење во боја. Ова значи дека iR3180C/Ci ја има интелигенцијата да открие дали страницата, или на страниците од некој документ, содржат боја и потоа да ги печати соодветно на тоа. И тоа за само малку повеќе отколку што би платиле за еквивалентниот црно-бел отпечаток. Онаму каде што не е потребна боја, не плаќате за неа - револуција во комуникацијата на документи по пристапна цена.
Печатете со впечаток Креирајте атрактивни брошури, споени по седлото и победнички понуди за клиентите, во црно-бело и во боја. А можете и да ги подредувате или да ги продупчувате со палета на додатоци за завршна обработка, вклучувајќи го и иновативниот внатрешен уред за завршна обработка, кој штеди простор. Отпечатоците се испорачуваат со брзи 31 страници во минута (ppm) и со 7 ppm во боја - кога ви треба, со поддршка на индустрискиот стандард PS/PCL.
Комуницирајте и делете информации Отворете нов свет на можности за комуникација, со помош на iR3180C/Ci. Скенирајте ги документите преку механизмот за вовлекување документи, и веднаш испраќајте ги каде и да се потребни - до мрежни папки, адреси за е-пошта и поштенски сандачиња.
Комплетна контрола Можете да го контролирате пристапот до уредот, како и да одредите ограничувања на користењето со помош на режимот за ИД на одделенија. Или, додадете го uniFLOW Output Manager, на Canon, за детален увид во тоа кој што печати, каде и колку тоа ве чини.
Компатибилен со Windows Vista и IPv6, “подготвениот за мрежа” iR3180Ci брзо и беспрекорно се интегрира во вашата работна средина, а со помош на iW Management Console, на Canon, веб-базирано помагало, тој ви овозможува централно управување со мрежните уреди.
Како алтернатива, одберете ја верзијата на iR3180C „само копир-машина“, со опцијата да додадете дополнителни функционалности и софтвер според вашите потреби.
Свесен за безбедноста Вашите информации ги чува на сигурно голема палета од безбедносни способности, вклучувајќи контрола на пристапот со лозинка и со отпечаток од прст, безбедни поштенски сандачиња и процедури на шифрирање податоци.
|