Благодарение на iR5880C/Ci, големите тимови и одделенија сега можат да ја скротат брзата црно-бела комуникација на документи - со додавање боја во прилики кога е потребна.
Интелигентно употребете ја бојата во вашиот бизнис Црно-белата комуникација честопати е совршено адекватна. Но понекогаш, малку боја - на вистинските места - стасува далеку. Интелигентниот iR5880/C/Ci ви го дава најдоброто од двата света, со автоматскиот систем за чувствување боја, на Canon. Ова му овозможува на iR6880C/Ci да открие дали страницата, или на страниците од некој документ, содржат боја и потоа да ги печати соодветно на тоа. И тоа за само малку повеќе отколку што би платиле за еквивалентниот црно-бел отпечаток. Секако, онаму каде што не е потребна боја, не плаќате за неа - револуција во комуникацијата на документи по пристапна цена.
Заштедете простор и бидете економични и продуктивни Подобро отколку скапите печатачи во боја за на работна маса, расфрлани по канцеларијата, iR5880C/Ci овозможува зафатените тимови и големите одделенија по потреба да прават отпечатоци во боја на еден високопродуктивен уред. Со испорака на црно-бели отпечатоци при брзи 58 страници во минута (ppm), а 16 ppm во боја, и до 4.750 листа во еден процес, од шест извори на хартија, едноставно се задоволуваат дури и најпредизвикувачките работни текови.
Најострите отпечатоци со 2400 dpi еквивалент се испорачуваат со поддржан индустриски стандард PS/PCL. Ова го прави лесно креирањето на атрактивни брошури споени по седлото и на победнички понуди до клиентите.
Можете и да ги скенирате документите преку механизмот за вовлекување документи, па потоа да ги испраќате каде и да се потребни - до мрежни папки, адреси за е-пошта и поштенски сандачиња.
Секогаш имајте контрола Можете да го контролирате пристапот до уредот, како и да одредите ограничувања на користењето со помош на режимот за ИД на одделенија. Или, додадете го uniFLOW Output Manager, на Canon, за детален увид во тоа кој што печати, каде и колку тоа ве чини.
Компатибилен со Windows Vista и IPv6, “подготвениот за мрежа” iR5880Ci брзо и беспрекорно се интегрира во вашата работна средина со помош на iW Management Console, на Canon. Како алтернатива, одберете ја верзијата на iR5880C „само копир-машина“, со опцијата подоцна да додадете дополнителна функционалност.
Вашите информации ги чува на сигурно сплав од безбедносни способности, вклучувајќи контрола на пристапот со лозинка и со отпечаток од прст, безбедни поштенски сандачиња и процедури на шифрирање податоци.
|