Сè што ви треба - дополнително со боја Комуницирајте во боја за да оставите дополнителен впечаток, со неверојатно ефикасниот iRC2380i. Овој компактен, мултифункционален мрежен уред, со опција за безжичен LAN, игра улога на централна разводна кутија за сета комуникација со документите. Овозможувајќи ви да ги брзо да ги зафаќате, управувате и дистрибуирате информациите со врвна доверливост.
Боја што штеди простор Секогаш кога одбирате уред за печатење, кој ќе помогне во зголемување на ефикасноста во канцеларијата, важно е да изберете уред кој е опремен да ја заврши работата и кој нема да заземе преголем канцелариски простор. Canon-овиот iRC2380Ci е интелигентно, многу поволно решение, кое ја донесува продуктивната комуникација во боја на дофат на сечии прсти, и сето тоа во еден многу компактен мултифункционален уред.
А благодарение на Canon-овиот автоматски систем за чувствување на бојата, iRC2380Ci автоматски открива кои документи содржат боја, а кои не, и ги печати сходно на тоа, помагајќи во подобрување на цената по страница и недозволувајќи непотребни трошоци.
Продуктивна, професионална боја iRC2380i испорачува отпечатоци со неверојатни 23 страници во минута – без разлика дали печатите во црно-бело или во боја! Очекувајте извонредни отпечатоци секојпат, благодарение на Canon-овиот тонер со висок квалитет, и изберете од мноштвото типови медиуми и завршни обработки за креирање извештаи, документи, предлози, презентации, брошури, всушност, сè што ви треба за да бидете чекор понапред во деловната комуникација во однос на вашите конкуренти.
Со помош на механизмот за вовлекување документи можете дури и да ги скенирате документите и моментално да ги испраќате – во мрежни папки, до адреси за е-пошта и поштенски сандачиња.
Економична боја Постојат бројни моќни алатки, кои ќе ви помогнат да владеете со трошоците. Користењето на Canon-овиот iWAM MEAP ви ја дава можноста да видите кој што печати, каде и колку ве чини тоа. А со AMS, како дел од uniFLOW Output Manager, можете дури и да го ограничите пристапот до одредени функции, на пр. печатење, копирање, скенирање и испраќање факсови, и тоа по корисник, група или одделение.
Сигурна боја на која можете да се потпрете За дополнителна безбедност, пристапот до уредот може да се контролира со лозинки, компаниски процедури за пријава, па дури и со отпечатоци од прст. Во доверливите документи може да се вградат и тајни водени жигови за да се спречи нивно копирање, а цврстите дискови можат да се шифрираат или да се избришат.
Покрај тоа што ви помага во одржувањето ниски трошоци, Canon-овата уникатна помошна програма за е-одржување автоматски ги надгледува вашите уреди и нивниот статус и поднесува извештаи во сервисните центри и партнерите на Canon, така што никогаш повеќе нема да се грижите за постојаното надгледување.
|