Комуницирајте во боја за да оставите дополнителен впечаток, со компактниот и продуктивниот iRC3580i. Овој мултифункционален мрежен уред нуди изборен безжичен LAN и ви овозможува да ги зафаќате, управувате и дистрибуирате информациите со врвна доверливост.
Боја што штеди простор Секогаш кога одбирате уред за печатење, кој ќе помогне во зголемување на ефикасноста во канцеларијата, важно е да изберете уред кој е опремен да ја заврши работата и кој нема да заземе преголем канцелариски простор. Canon-овиот iRC2380Ci е интелигентно, многу поволно решение, кое ја донесува продуктивната комуникација во боја на дофат на сечии прсти, и сето тоа во еден многу компактен мултифункционален уред.
А благодарение на автоматскиот систем на Canon за чувствување на бојата, iRC3080i автоматски открива кои документи содржат боја, а кои не, и ги печати соодветно на тоа, и не дозволува непотребни трошоци.
Продуктивна, професионална боја iRC3080i испорачува отпечатоци со неверојатно свежи 28 страници во минута во боја и 30 страници во минута во црно-бело.
Очекувајте извонредни отпечатоци секојпат, благодарение на тонерот на Canon со висок квалитет, и изберете од мноштвото типови медиуми и завршни обработки за креирање извештаи, документи, предлози, презентации, брошури, всушност, сè што ви треба за да бидете чекор понапред во деловната комуникација во однос на вашите конкуренти. Со помош на механизмот за вовлекување документи можете дури и да ги скенирате документите и моментално да ги испраќате – во мрежни папки, до адреси за е-пошта и поштенски сандачиња.
iRC3580 има и изборен EFI контролор, кој нуди вистинско Adobe Postscript печатење.
Економична боја Постојат бројни моќни алатки, кои ќе ви помогнат да владеете со трошоците. Користењето на iWAM MEAP, на Canon, ви ја дава можноста да видите кој што печати, каде и колку ве чини тоа. А со AMS, како дел од uniFLOW Output Manager, можете дури и да го ограничите пристапот до одредени функции, на пр. печатење, копирање, скенирање и испраќање факсови, и тоа по корисник, група или одделение.
Сигурна боја на која можете да се потпрете За дополнителна безбедност, пристапот до уредот може да се контролира со лозинки, компаниски процедури за пријава, па дури и со отпечатоци од прст. Во доверливите документи може да се вградат и тајни водени печати за да се спречи нивно копирање, а цврстите дискови можат да се шифрираат или да се избришат.
Покрај тоа што ви помага во одржувањето ниски трошоци, уникатната помошна програма на Canon за е-одржување автоматски ги надгледува вашите уреди и нивниот статус и поднесува извештаи во сервисните центри и партнерите на Canon, така што никогаш повеќе нема да се грижите за постојаното надгледување.
|