Водечкиот на Canon, iRC5185i, му овозможува на бизнисот лесно да произведува документи во боја, економично и безбедно - без трошокот за ангажирање надворешен изведувач. Располагајќи со величествена завршна обработка, вградено пресметување на документи, како и бројни иновации, лесни за корстње, тој помага вашиот бизнис да ја постигнува максималната продуктивност во секој нов ден.
Висока продуктивност за канцеларии со големи барања iRC5185i е способен за неверојатни 51 отпечатоци во минута, како за црно-бели така и за документи во боја, давајќи ви ја флексибилноста потребна за да бидете сигурни дека нема да пропуштите веќе ниту еден рок.
Достапна е широка палета на опции за завршна обработка, која ви ја овозможува флексибилноста,со малку напор да произведувате високо професионални документи. Лесно е да се произведуваат захефтани или продупчени извештаи, атрактивни брошури и моќни понуди во боја за клиентите, како и да се користи асортиман на различни типови медиуми. Квалитетот на печатење е постојано величествен со 1200 dpi, со отпечатоци кои изгледаат свежо и остро од првиот до последниот, а обезбедена е и полна поддршка од PCL 6.
Нови начини на комуникација Иновативниот систем на скенирање “one-pass” (со едно поминување) значи дека двете страни од еден документ се скенираат истовремено, со неверојатни брзини од 100 отпечатоци во минута. Документите моментално се подготвуваат во PDF до огромен асортиман на локации, како мрежни папки, адреси за е-пошта и поштенски сандачиња.
ИТ-управување без напор Новиот iW Access Management System (AMS) претставен во uniFLOW Output Manager на Canon, им овозможува на ИТ-менаџерите да креираат пристапни профили за функции на уредот, како печатење во боја , испраќање факсови или скенирање. Ова значи дека може да се воспостават специфични контроли, кои го контролираат пристапот до одредени функции, заради поефикасно управување со трошоците и заради безбедност.
iWMC на Canon гарантира едноставо поставување и тековно управување, со опции кои штедат време, како автоматското известување за проблеми до администраторите, на пр. малку хартија или тонер.
Најновиот технолошки стандард Поддржани се најновите стандарди во технологијата, како "IP v6" од следната генерација и Web Services on Devices (WSD) во Microsoft Windows Vista, овозможувајќи allowing опции како “мрежно приклучи и користи” и “известување за завршена задача”.
Напредна безбедност за комплетна спокојност Напредните безбедносни системи вградени во iRC5185i гарантираат усогласеност со Common Criteria (Заеднички критериуми) (ISO 15408), глобалниот стандард за ИТ-безбедност. Останатите безбедносни опции вклучуваат безбедносен воден жиг, шифирање датотеки во PDF, лични поштенски сандачиња и безбедно печатење.
|