Продуктивно, висококвалитетно печатење C2030i нуди квалитетно печатење со висок стандард и без разлика дали печатите во боја или во црно-бел формат, тој може да испечати 30 страници во минута. Ваквиот квалитет на печатење е надополнет и со Genuine Adobe® PostScript 3 (изборно). Широкиот опсег на компатибилни медиуми и компактни опции за завршна обработка обезбедуваат безброј начини за подобрување на вашата комуникација.
Лесно користење и прилагодување C2030i располага со интерактивен 5,7-инчен VGA екран на допир со висока резолуција, полн опсег на бои и практични икони кои го олеснуваат ракувањето. Корисниците можат да го прилагодат бројот на копчиња на екранот, па дури и сликата за заднина на екранот, со избор од 8 заднини за вклопување во секоја канцелариска околина. Сложените или често извршуваните задачи можат да се претворат во едноставни задачи со еден допир на копче, преку поставување на лични работни процеси.
Ефективна соработка и трансформација Двостраното скенирање им овозможува на корисниците брзо и без напор да скенираат кон повеќе дестинации како е-mail, FTP и споделени фолдери. Интеграцијата во системите како Microsoft, SharePoint и Abobe, како и палетата на моќни софтверски решенија од Canon обезбедуваат најефикасни процеси за електронските документи во вашето деловно работење - далеку поефикасно отколку користењето на побавни работни процеси базирани на хартија. Исто така, C2030i може да обезбеди пристап до функционалноста на посложени iR ADVANCE системи, на пример факс или адресари, кои се однесуваат како клиенти во сервер-клиент врска
Ефикасен и безбеден Голем број алатки кои ви дозволуваат да ја зголемите контролата врз трошоците, на пр. со ограничување на пристапот на уредот кон некои функции. Неколку функции ви помагаат да ги заштитите документите во текот на нивниот животен циклус, како што се безбедносен воден печат, отстранување на хард дискот, шифрирање на податоците и проверка на идентитетот на уредот.
Револуционерни еколошки признанија Серијата imageRUNNER ADVANCE е прва во светот која користи висококвалитетна био-пластика која е отпорна на оган, а C2030i истовремено ги задоволува и еколошките стандарди како што е Energy Star преку потрошувачката на енергија од само 1,5W и RoHS. Вклучената функција за двострано печатење ја намалува потрошувачката на хартија.
|