За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Црно-бело печатење > iPR1135 configurator

Canon iPR1135 configurator
Црно-бело печатење

Исполнувајте ги вашите задачи и запазете ги роковите благодарение на imagePRESS 1135, нашиот врвен модел на дигитална монохроматска машина за печатење со среден обем.

Карактеристики

  • Печатење со голема брзина кај сите медиуми до 300 gm/2
  • Врвна острина на сликите и текстот за водечки квалитет во класата
  • Регистрација со висока прецизност
  • Можност за користење разновидни медиуми
  • Исклучителна завршна обработка вклучувајќи совршено спојување
Понатамошни информации

Изработен врз база на технолошката платформа на мошне успешната imagePRESS C7000VP серија, imagePRESS 1135 од Canon воведува ново ниво на квалитет на печатење, продуктивност и разноврсност кај црно-белото печатење со среден обем.

Максимална продуктивност
Адаптиран на секаков тип задачи, почнувајќи од брз обрт, мали тиражи па сè до сложено печатење со варијабилни податоци, imagePRESS 1135 се одликува со импресивна брзина на печатење од 135 слики во минута. Со максимална големина на хартијата од 19,2” x 13” и потенцијален капацитет до 14.000 листови, imagePRESS 1135 претставува валидна алтернатива на моно-офсет печатењето, нудејќи ви непрекинато печатење до 1,5 часови.

Одличниот учинок не е ограничен само на специфични типови задачи. Оваа печатарска машина конзистентно одржува полна продуктивност кај широк избор на медиуми од 52 до 300gsm, справувајќи се брзо и без никакви проблеми со секакви медиуми почнувајќи од однапред отпечатени листови за вметнување, па сè до транспарентни медиуми и корици.

Извонреден квалитет на печатење
Новоразвиениот eB еднокомпонентен тонер на Canon нуди добивање на чиста и богата црна боја, додека развивачот со двојна обвивка го минимизира формирањето на дамки и креира рамномерни полни површини.

Активната регистрација на страниците (која обезбедува подредување од предниот до задниот план со толеранција од 0,5mm) и двојните црвени ласери овозможуваат резолуција од 1.200 dpi со 256 нијанси на сиво. Со ова се добиваат неверојатно рамномерни рабови, одлични градиенти и врвна острина на сликите и текстот.

Совршена завршна обработка
Кога станува збор за завршната обработка, imagePRESS 1135 дава навистина извонредни резултати Достапен е широк избор на можности за линиска завршна обработка вклучувајќи совршено спојување, повеќекратно превиткување, средишно поврзување, правење дупки, отсекување на еден или три рабови и сложување со голем капацитет.

Ненадмината сигурност
Повлекувањето медиуми потпомогнато со користење на воздух ви гарантира ненадмината сигурност. Загревачите на воздух испуштаат топол воздух за да обезбедат правилно повлекување на медиумите прекриени со слој и со висок статички електрицитет. Дополнителните вентилатори овозможуваат беспрекорно повлекување и сепарација на медиумите. Напредниот ултрасоничен систем за откривање на двојното повлекување во внатрешноста на магацините за хартија со голем капацитет го детектира повеќекратното повлекување, отстранувајќи ги потенцијалните проблеми без прекинување на работата.

 Испечати ја оваа страница 

  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба