Во оваа верзија на новиот светлосен опсег, која е само за печатење, сега е достапна крајна продуктивност. При 95 ppm, тоа е машина за печатење за специјалистичко производство, со извонредни можности за завршна обработка.
|
Кога ви треба моќен изведувач за средини за печатење од среден опсег, iR7095P со 95 ppm е подготвен да се соочи со разновидни предизвици. Модуларниот дизајн задоволува разновидни средини на производство и издаваштво, а можностите за завршна обработка се без конкуренција во својата класа.
Постојан квалитет Новата технологија на тонер со висока резолуција обезбедува извонредна јасност на линија и текст, како и постојани полни и полутонови, сега и за многу години нанапред.
Сонот на еден ракувач iR7095P е едноставност самиот по себе, овозможувајќи уредот совршено да се вклопи во вашиот постоечки работен тек. Моќен работен тек
iR7095P се интегрира во вашиот постоечки работен тек и целосно ги поддржува средините за производство од типот Печатење-по-Потреба. А со супериорната функционалност за ракување со хартија и за завршна обработка, лесно се ззадоволуваат комплексните работни задачи.
Извонредна завршна обработка iR7095P донесува врвна завршна обработка на документи во светот на производство од среден опсег, кое можете да си го дозволите:
Постојана продуктивност: Овозможете производството да тече, благодарение на редењето со голем капацитет и на подвижната количка за транспорт на испечатените материјали за завршна обработка надвор од линијата.
Со професионална завршна обработка: Произведувајте висококвалитетни документи, соединети во аголот или двојно и додадете им претходно печатени корици - идеално за повеќето комплексни црно-бели документи.
Висококвалитетни брошури: Додадете кон вашето портфолио квалитетно производство на брошури споени по седлото. Извонредниот квалитет на слика, потсекувањето на раб и сечењето при соединување, обезбедуваат резултати кои оставаат впечаток.
Издупчени документи и извешати: За покомплексни потреби може да се ве услужи едноставното дупчење со две или со четири дупки, професионалната опција за дупчење може да обезбеди дупки за пластични или за метални чешли, заради вистинска производна разновидност.
Флексибилност на преклопување хартија: За детални финансиски табели или за преголеми графички илустрации можете да произведувате хартија во А3, која е Z-преклопена до А4, проширувајќи ги со тоа вашите производни можности.
Извонредни книги поврзани со лепење: Со опцијата Perfect Binder, iR7095P нуди врвно производство на книги, прво-во-класата. Лесно може да се постигнат впечатливи книги поврзани со лепење, со 3-насочно потсекување на до 200 листа, а може да се додадат и претходно печатени корици.
|