За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Црно-бело печатење > iR7105

Canon iR7105
Црно-бело печатење

Архива на производи

Конструиран да се справува со најтешките задачи, iR7105 печати со супер-брзи 105 страници во минута и може да се конфигурира со палета од опции за завршна обработка, на кои им нема рамни во овој дел од пазарот.

Карактеристики

  • Моќно производство при 105 ppm
  • Опции за завршна обработка без конкуренција - првото совршено поврзување во линија, во својата класа.
  • Се вклопува во вашиот постоечки работен тек
  • Висок капацитет на вовлекување, вметнување и редење, за продолжено производство
  • Ракување преку голем екран чувствителен на допир
Понатамошни информации

Со водечката машина за печатење со светлинско производство на Canon, iR7105, на вашите можности им нема граници. Конструиран за средини со среден опсег на производство, тој е способен за 105 страници во минута и може да се конфигурира со палета од опции за завршна обработка, на кои им нема рамни во овој дел од пазарот.

Постојан квалитет
Новата технологија на тонер со висока резолуција обезбедува извонредна јасност на линија и текст, како и постојани полни и полутонови, сега и за многу години нанапред.

Сонот на еден ракувач
Ракувањето со iR7105 е едноставност само по себе. Голем 10,4 инчен TFT панел со голема јасност и со контрола на бојата, му дава на ракувачот комплетна контрола врз производниот циклус.

Моќен работен тек
iR7105 се интегрира во вашиот постоечки работен тек и целосно ги поддржува средините са производство од типот Печатење-по-Потреба. А со супериорната функционалност за ракување со хартија и за завршна обработка, лесно се ззадоволуваат комплексните работни задачи.

Брзо скенирање
Комбинирајте цврста копија во вашиот дигитален работен тек со 85 ppm, благодарение на интегрираното брзо скенирање на документи.

Извонредна завршна обработка
iR7105 донесува врвна завршна обработка на документи во светот на производство од среден опсег, кое можете да си го дозволите:

Постојана продуктивност:
Овозможете производството да тече, благодарение на редењето со голем капацитет и на подвижната количка за транспорт на испечатените материјали за завршна обработка надвор од линијата.

Со професионална завршна обработка:
Произведувајте висококвалитетни документи, захефтани во агол или двојно и додадете им претходно печатени корици, идеално за повеќето комплексни црно-бели документи.

Висококвалитетни брошури:
Додадете кон вашето портфолио квалитетно производство на брошури споени по седлото. Извонредниот квалитет на слика, потсекувањето на раб и сечењето при соединување, обезбедуваат резултати кои оставаат впечаток.

Издупчени документи и извешати:
За покомплексни потреби може да се ве услужи едноставното дупчење со две или со четири дупки, професионалната опција за дупчење може да обезбеди дупки за пластични или за метални чешли, заради вистинска производна разновидност.

Флексибилност на преклопување хартија:
За детални финансиски табели или за преголеми графички илустрации можете да произведувате хартија во А3, која е Z-преклопена до А4, проширувајќи ги со тоа вашите производни можности.

Извонредни книги поврзани со лепење:
Со опцијата Perfect Binder, iR7105 нуди врвно производство на книги, прво-во-класата. Лесно може да се постигнат впечатливи книги поврзани со лепење, со потсекување по 3 раба на до 200 листа, а може да се додадат и претходно печатени корици.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Софтвер & драјвери
Брошури
Сродни информации
Ваши решенија и услуги
  © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба