Нашето наследство и стручност во професионалното печатење ни овозможи да го создадеме досега најнапредниот технолошки уред за еднобојно печатење со помал обем. Како дел од напредната серија која нуди комбинација од моќна интеграција во работниот процес, високо ниво на завршна обработка и врвно користење, imageRUNNER ADVANCE 8095 обезбедува прекрасни резултати и брзо враќање на инвестираните средства.
Моќни перформанси 8095 е дизајниран за максимална продуктивност во продуктивните опкружувања со најголеми потреби. Големите брзини на печатење до 95 стр./мин. во црно-бел формат, огромната залиха на хартија и можноста за дополнување на тонерот во текот на печатењето помагаат да се извршува сигурното печатење со минимална рачна интервенција.
Огромна разновидност Конфигурирајте го 8095 за да одговара на посебните потреби во вашето опкружување - без разлика дали тоа ќе биде според просторот, буџетот или можностите за завршна обработка.
Флексибилните можности за управување со медиуми ви овозможуваат да изберете помеѓу повеќе извори на хартија и да користите големи медиуми до 256 gsm. А со професионалното правење дупки, превиткувањето (Z-превиткување, внатрешно-C, надворешно-C, двојно паралелно и централно превиткување), вметнувањето и средишната завршна обработка со отсекување кои се достапни на линиската единица; добивате огромен избор кој може да го понудите на вашите потрошувачи.
Изборниот RIP основан на Fiery му овозможува на 8095 беспрекорно да се вклопи во вашиот постоечки работен процес, а може и лесно да се смести покрај останатите уреди. Како алтернатива, може да се одлучите за контролор од Canon, кој нуди одлични перформанси и поддршка за оригинални Adobe PostScript 3 и PCL 5e/6.
Лесно се користи и прилагодува 8095 располага со 10,4-инчен SVGA екран на допир во боја со брз одзив, на кој се наоѓаат икони кои навистина го олеснуваат ракувањето. Корисниците може да го прилагодат панелот, па дури и да ги постават често извршуваните задачи како работни процеси “со едно притиснување” во брзото мени (Quick Menu).
Импресивен квалитет Новоразвиениот тонер обезбедува врвни резултати со одлична репродукција на текст / точки и прецизна густина на полу-тонови. Подобрена е и обработката на слика преку сегментирање на различни видови на податоци и нивно соодветно обработување.
Силни еколошки признанија Целата серија imageRUNNER ADVANCE ги задоволува најстрогите еколошки стандарди како што е Energy Star. Исто така, серијата imageRUNNER ADVANCE 8000 има најмала TEC (вкупна потрошувачка на струја) во нејзината класа.
|