Нашето наследство и стручност во професионалното печатење ни овозможи да го создадеме досега најнапредниот технолошки уред за еднобојно печатење со помал обем. Како дел од напредната серија која нуди комбинација од моќна интеграција во работниот процес, високо ниво на завршна обработка и врвно користење, imageRUNNER ADVANCE 8105 PRO обезбедува прекрасни резултати и брзо враќање на инвестираните средства.
Моќни перформанси 8105 PRO е дизајниран за максимална продуктивност во продуктивните опкружувања со најголеми потреби. Големите брзини на печатење до 105 стр./мин. во црно-бел формат, огромната залиха на хартија и можноста за дополнување на тонерот во текот на печатењето помагаат да се извршува сигурното печатење со минимална рачна интервенција.
Огромна разновидност Конфигурирајте го 8105 PRO за да одговара на посебните потреби во вашето опкружување - без разлика дали тоа ќе биде според просторот, буџетот или можностите за завршна обработка.
Флексибилните можности за управување со медиуми ви овозможуваат да изберете помеѓу повеќе извори на хартија и да користите тешки медиуми до 256 gsm. А со професионалното правење дупки, превиткувањето (Z-превиткување, внатрешно-C, надворешно-C, двојно паралелно и централно превиткување), вметнувањето и средишната завршна обработка со отсекување кои се достапни на линиската единица; добивате огромен избор кој може да го понудите на вашите потрошувачи.
Изборниот RIP основан на Fiery му овозможува на 8105 PRO беспрекорно да се вклопи во вашиот постоечки работен процес, а може и лесно да се смести покрај останатите уреди. Како алтернатива, може да се одлучите за контролор од Canon, кој нуди одлични перформанси и поддршка за оригинални Adobe PostScript 3 и PCL 5e/6.
Лесно се користи и прилагодува 8105 PRO располага со 10,4-инчен SVGA екран на допир во боја со брз одзив, на кој се наоѓаат икони кои навистина го олеснуваат ракувањето. Корисниците може да го прилагодат панелот, па дури и да ги постават често извршуваните задачи како работни процеси “со едно притиснување” во брзото мени (Quick Menu).
Импресивен квалитет Новоразвиениот тонер обезбедува врвни резултати со одлична репродукција на текст / точки и прецизна густина на полу-тонови. Исто така, подобрена е и обработката на слики со користење на технологија за сегментација на слики со голема прецизност, која ги класифицира пикселите од слики и текст и интелигентно ги разделува во составни компоненти за да ги обработи според нивниот вид, со цел да се добијат најдобри резултати.
Силни еколошки признанија Целата серија imageRUNNER ADVANCE е дизајнирана да ги исполни најстрогите еколошки стандарди. Исто како и останатиот дел од палетата, така и серијата imageRUNNER ADVANCE 8000 PRO има Energy Star сертификат за исклучителна енергетска ефикасност, одликувајќи се со една од најниските TEC (вкупна потрошувачка на струја) ознаки во својата класа.
|