ColorPASS-GX100, на Canon, комбинира извонредна контрола на бојата со интеграција во работниот тек и управување со задачите, за извонредно најсовремено производство на печатење со помош на CLC4040 или CLC5151.
|
ColorPASS-GX100, на Canon, обезбедува производни перформанси на печатење за CLC4040 и CLC5151. Со комбинација на извонредна контрола на бојата со интеграција во работниот тек и управување со задачите, ColorPASS-GX100 прави лесна работа и од најинтензивното производство во боја.
Перформанси ColorPASS-GX100 е конструиран за најсовремени производни перформанси и овозможува обработка на документи со интензивна боја со голема брзина, вклучувајќи оптимизирани перформанси при обработка на датотеки во PDF.
За да овозможи максимална ефикасност во вашата средина на печатење, ColorPASS-GX100 вклучува моќни но сепак лесни-за-користење функции, кои овозможуваат ефикасно пред-и-пост управување со датотеките.
Највисокиот квалитет ColorPASS-GX100 вклучува богатство производни опции за да обезбеди највисок квалитет на текст и графика, а вклучува и автоматско земање боја за да се елиминираат белите рабови околу текстовите и полните објекти.
Можен е и пристап кон уредување со симулација на полутон, бидејќи единицата на ColorPASS-GX100 ги поддржува командите за постапка на двојно печатење, наведени во софтверските апликации како Quark и Adobe InDesign (PS или PDF).
Опција за “Print Grey as Black” (печати сиво како црно) му овозможува на корисникот да назначи дека секоја сива компонента на некоја задача - било текст или графика, треба да се печати само со црн тонер.
Флексибилност и работен тек ColorPASS-GX100 е конструиран да ја прошири вашата ефикасност во производното печатење, нудејќи интеграција во работниот тек на подготовките за печатење и на комерцијалното печатење.
Составувајте и правете распоред на задачи, користете мешани медиуми и вметнување етикети, печатете и повторете ја нарачката на вашиот работен тек - сето тоа ефикасно обработено со максимална контрола.
За да создавате кориснички прилагодени или персонализирани комуникации, обезбедена е и поддршка за печатење променливи податоци. Интеграцијата на „hot folder“ (директориум поврзан со логична дестинација) ја прави лесна автоматизацијата на работниот тек на печатење.
|