ColorPASS GX-300 контролорот за печатење е сервер со високи перформанси дизајниран за обемните апликации со печатење по потреба и за ситуациите кај кои се бара напредна поддршка на работниот процес. Тој е дизајниран за добивање оптимални резултати со imageRUNNER ADVANCE C9000 PRO серијата на Canon.
Високи нивоа на перформанси ColorPASS GX-300 употребува врвна технологија за постигнување исклучително брза обработка и поддржува широк избор формати на фајлови, прифаќајќи ги различните податоци кои се создаваат кај дигиталното печатење во боја.
SmartRIP 2 технологијата користи високоинтелигентна обработка за зголемување на RIP перформансите, нудејќи најрамномерни линии и најостар текст со висока резолуција. Значителните можности за извршување повеќе истовремени задачи му овозможуваат на ColorPASS GX-300 истовремено да изведува RIP подготовка на една задача додека врши обработка на друга, за резултати со кои ќе се испочитуваат роковите.
Неверојатен квалитет Задачите за подготовка за печатење се потпомогнати од ColorWise 3. Системот за управување со бои од наредната генерација овозможува напредна контрола на боите, од калибрација до ICC управување со профили, како и "spot" обработка и поголема обработка за печатење. Кога фајлот има комбинација на CMYK и RGB податоци, можна е одделна контрола на секој тип податоци.
Извонредни алатки за контрола на документи Command Workstation 5, кој се обезбедува со ColorPASS GX-300 го прави печатењето на помали количини поинтуитивно и пофлексибилно од кога било досега. Тој овозможува централизирано управување со задачите, поврзување со серверите на мрежата и постигнување оптимални резултати за зголемување на продуктивноста. Практичниот интерфејс нуди напредни можности за повлекување и префрлување; што значи дека и ракувачите со ограничени вештини ќе можат со самодоверба да управуваат со софистицираните работни процеси.
Поддржани се автоматски фолдери (Hot folders), при што задачите можат да се повлекуваат и префрлуваат во фолдерите со однапред конфигурирани параметри, заштедувајќи време - особено при обработка на посложени задачи. Исто така можат да се воспостават работни процеси за печатење различни податоци, со поддршка за сите стандардни формати.
|