Поврзете imagePRESS дигитална печатачка машина во црно-бел формат на мрежа преку вграден Printer Kit–A1 и ќе ви се отвори цел нов асортиман на можности директно од работната површина на компјутерот.
Моќно производство Printer Kit-A1 им ја нуди целата достапна моќ на мобилните корисници директно преку работната површина на компјутерот, овозможувајќи секој уред да работи со својата максимална номинална брзина.
Печатење со висок квалитет Базиран на CPU од само 1,86GHz, овој контролор дизајниран во Canon обезбедува верна 1200 x 1200 dpi резолуција за печатење со Postscript драјвери со поддршка за 256 нивоа на тонови на сива боја. При PCL печатење, достапна е еквивалентна 2400 x 600 dpi резолуција за печатење со поддршка за 256 нивоа на тонови на сива боја.
Поддржани се PCL5e, PCL6 и Postscipt 3 за максимална разновидност.
Безбеден и сигурен Поддржани се и бројни сигурносни функции, како што е можноста да се вметне сигурносен воден печат при печатење на доверливи документи.
|