За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Контролори на боја и RIP > imagePASS-A1

Canon imagePASS-A1

imagePASS A1

ImagePASS A1 е дизајниран за imageRUNNER ADVANCE C9000 PRO серијата на Canon за печатење со помал обем и е идеален за корисници на кои им се потребни оригинални Adobe PostScript можности и RIP подготовка со голема брзина и напредна контрола врз боите.

Карактеристики

  • Вграден контролер за imageRUNNER ADVANCE C9000 PRO серијата
  • Интелигентна обработка вклучувајќи RIP подготовка за време на печатењето
  • Напредно управување со бои
  • Моќно но интуитивно ракување
Понатамошни информации

ImagePASS B1 е вграден контролер дизајниран за imageRUNNER ADVANCE C9000 PRO серијата на Canon за печатење со помал обем и е идеален за корисници на кои им се потребни оригинални Adobe PostScript можности и RIP подготовка со голема брзина и напредна контрола врз боите.

Високи нивоа на перформанси
Користејќи Intel Core Duo T2500 2.0 GHz процесор со до 1GB RAM меморија, imagePASS A1 нуди голема брзина на обработка и поддржува широк избор формати на фајлови, прифаќајќи ги различните податоци кои се создаваат кај дигиталното печатење во боја.

SmartRIP 2 технологијата користи високоинтелигентна обработка за зголемување на RIP перформансите, нудејќи најрамномерни линии и најостар текст со висока резолуција. Значителните можности за извршување повеќе истовремени задачи му овозможуваат на imagePASS A1 истовремено да изведува RIP подготовка на една задача додека врши обработка на друга, за резултати со кои ќе се испочитуваат роковите.

Неверојатен квалитет
Задачите за подготовка за печатење се потпомогнати од ColorWise 3. Системот за управување со бои од наредната генерација овозможува напредна контрола на боите, од калибрација до ICC управување со профили, како и "spot" обработка и поголема обработка за печатење. Кога фајлот има комбинација на CMYK и RGB податоци, можна е одделна контрола на секој тип податоци.

Извонредни алатки за контрола на документи
Command Workstation 5, кој се обезбедува со imagePASS A1 го прави печатењето на помали количини поинтуитивно и пофлексибилно од кога било досега. Тој овозможува централизирано управување со задачите, поврзување со серверите на мрежата и постигнување оптимални резултати за зголемување на продуктивноста. Практичниот интерфејс нуди напредни можности за повлекување и префрлување; што значи дека и ракувачите со ограничени вештини ќе можат со самодоверба да управуваат со софистицираните работни процеси.

Исто така достапни се и автоматски фолдери (Hot folders), при што фајловите можат да се повлекуваат и префрлуваат во фолдерите со однапред конфигурирани параметри, заштедувајќи време - особено при обработка на посложени задачи.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба