Овој кориснички прилагоден сервер за печатење е дизајниран за употреба со дигиталните печатачки машини imagePRESS C6000 на Canon и е идеален за дистрибуирани работни средини со различни нивоа на вештини кај операторите. Во внатрешноста се вградени Intel Core™ Duo E6400 2,13 GHz процесор и хард диск од 160GB плус 1GB меморија, коишто на imagePRESS Server A1100 му обезбедуваат значителна моќ на обработка за сервер од основно ниво.
Преземете ја контролата Моќната алатка Command Workstation ви овозможува да ги управувате и прегледувате задачите поефективно од кога било. Прегледувајте PDF фајлови, менувајте го размерот на сликата за да одговара на различни големини хартија, следете, уредувајте и управувајте со задачите од различни локации.
Моќната изборна алатка за редослед на страниците наречена Impose ви овозможува да создавате брошури и рекламни материјали за поштенска достава. Со користење на Impose исто така можат да се постават и апликации за печатење различни видови податоци.
Исклучителни бои Во imagePRESS Server A1100 е вклучен и ColorWISE™, кој пружа исклучително ниво на управување со боите. Исто така е вклучена и редуцирана верзија на нашиот познат Graphics Arts пакет кој нуди дополнителни можности како што се автоматските фолдери (Hot Folders), елиминирајќи ги задачите кои одземаат многу време и овозможувајќи претходно конфигурирање на посложените процеси на печатење.
Безбеден и сигурен Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.
|