Дизајниран за употреба со imagePRESS C7000VP / C6000VP / C6000 од Canon, овој сервер ви нуди сè - од софистицирани бои и управување со работните процеси, сè до моќно составување на документите.
Контрола на квалитетот на боите Пакетот алатки за управување со боите, пробно печатење и контрола на квалитетот обезбедува најдобри резултати со вашите машини за печатење во боја. Испорачаниот Graphics Arts пакет им нуди помош на операторите за добивање постојани, предвидливи бои, овозможувајќи заштеда на време и создавање прецизни пробни отпечатоци. Дополнителните алатки овозможуваат прецизна репродукција на PANTONE® боите, плус функции за автоматско преклопување за контрола на преклопувањето и регистрацијата.
Исто така вклучен е и ColorWise® системот за управување со бои, за максимална контрола и прецизност низ различните платформи, апликации и типови на медиуми.
Максимална продуктивност Произведен за работните процеси со големи потреби, imagePRESS Server A2100 вклучува комплетен пакет алатки за управување и подготовка на задачите, кој ќе им овозможи на операторите брзо и прецизно извршување дури и на најсложените задачи. Исто така достапна е и моќна функција за изработување брошури, за брзо производство на професионални брошури со средишно поврзување.
Алатката Impose ќе ви помогне при формирањето редослед на страниците кај задачите за печатење со статички и променливи видови податоци. Овозможени се VDP работни процеси благодарение на сеопфатниот пакет алатки кои можат да се интегрираат со сите водечки јазици во индустријата.
Кориснички прилагодениот интерфејс обезбедува преглед на статусот на печатењето во реално време, помагајќи да се забрза производството и да се намалат грешките.
Безбеден и сигурен Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.
|