Дизајниран за корисниците со најголеми потреби на imagePRESS C7000VP / C6000VP / C6000 од Canon, овој сервер обезбедува исклучителна продуктивност, напредно управување со боите и моќни VDP можности.
Контрола на квалитетот на боите Пакетот алатки за управување со боите, пробно печатење и контрола на квалитетот обезбедува оптимални резултати со вашите машини за печатење во боја. Пакетот Graphics Arts Premium Edition е сеопфатен комплет алатки кој им нуди помош на операторите за добивање постојани, предвидливи бои, овозможувајќи заштеда на време и создавање прецизни пробни отпечатоци. Дополнителните алатки овозможуваат прецизна репродукција на PANTONE® боите, плус функции за автоматско преклопување за контрола на преклопувањето и регистрацијата.
Исто така вклучен е и ColorWise® системот за управување со бои, за максимална контрола и прецизност низ различните платформи, апликации и типови на медиуми.
Максимална продуктивност Создаден за работните процеси со најголеми потреби, imagePRESS Server A3100 располага со исклучително брз двоен процесор кој нуди истовремено печатење и обработка за максимален излезен капацитет. Комплетниот пакет алатки за управување и подготовка на задачите ќе им овозможи на операторите брзо и прецизно извршување дури и на најсложените задачи. Исто така достапна е и моќна функција за изработување брошури, за брзо производство на професионални брошури со средишно поврзување.
Алатката Impose ќе ви помогне при формирањето редослед на страниците кај задачите за печатење со статички и променливи видови податоци. Овозможени се VDP работни процеси благодарение на сеопфатниот пакет алатки кои можат да се интегрираат со сите водечки јазици во индустријата.
Кориснички прилагодениот интерфејс обезбедува преглед на статусот на печатењето во реално време, помагајќи да се забрза производството и да се намалат грешките.
Безбеден и сигурен Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.
|