За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Контролори на боја и RIP > imagePRESS Server J100

Canon imagePRESS Server J100

imagePRESS Server J100

Надворешниот контролор imagePRESS Server J100 обезбедува моќ, перформанси и брзина за работните средини со најголеми потреби.

Карактеристики

Понатамошни информации

imagePRESS Server J100 е основен модел на надворешен контролор кој обезбедува моќ, перформанси и брзина за врвните imagePRESS дигитални машини за печатење во црно-бел формат.
Тој е дизајниран за комерцијалните печатачи, услугите "печатење за плаќање" и CRD салите за печатење кои бараат висококвалитетно производство и ефикасност во обработката на задачите, но без потреба за трошоци за капацитети или производни алатки кои не се потребни.

Високи перформанси со моќна автоматизација на работните процеси
Моќниот двоен процесор се грижи сите потреби за печатење да бидат обработени со голема брзина. Дополнително, големиот број алатки за проследување на задачите и автоматизирање на работниот процес придонесуваат за одржување ниски трошоци, намалување на грешките и минимизирање на потребата за дополнителен кадар во производството.

Efi Command Workstation® оперира во срцето на вашиот дигитален работен производен процес, нудејќи одлични можности сѐ да работи во рамките на своето оптимално ниво. На пример, функцијата за Запирање при несовпаѓање ги предупредува операторите ако печатачот содржи поинаков медиум од оној што е одреден за програмираната задача за печатење. Исто така вклучени се автоматски фолдери (Hot folders), при што задачите можат да се повлекуваат и префрлуваат од работната површина за автоматско составување на документите.

Додавајте можности по потреба
Како што се зголемуваат вашите побарувања, imаgePRESS Server J100 е дизајниран да расте паралелно со нив. Програмите за редослед и составување на страници (EFI Impose и EFI Compose) можат да се конфигурираат по потреба.

Алатката Compose обезбедува напреден преглед и околина за уредување. Нејзиниот широк опсег на софистицирани алатки за составување на документи и напреден WYSIWYG кориснички интерфејс ја подобрува проверката на документите, го забрзува составувањето и им овозможува на помалку искусните оператори да изведуваат сложени функции на документите.

Безбеден и сигурен
Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба