За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Контролори на боја и RIP > imagePRESS Server J200

Canon imagePRESS Server J200

imagePRESS Server J200

imagePRESS Server J200 е врвен модел на надворешен контролор кој обезбедува оптимална моќ, перформанси и брзина за работните средини со најголеми потреби.

Карактеристики

  • Врвен сервер за imagePRESS машините во црно-бел формат
  • Моќна производна и операторска контрола
  • Управуван од EFI Command Workstation
  • Вклучен EFI Compose и EFI Impose софтвер
  • Софистицирани сигурносни функции
Понатамошни информации

imagePRESS Server J200 е врвен модел на надворешен контролор кој обезбедува оптимална моќ, перформанси и брзина за работните средини во кои се употребуваат imagePRESS машините во црно-бел формат од Canon.
Тој е дизајниран за комерцијалните печатачи, услугите "печатење за плаќање" и CRD салите за печатење кои бараат производство со највисоко ниво на квалитет, најефикасна обработка и комплетен пакет помошни алатки за контрола од страна на операторите.

Високи перформанси со моќна автоматизација на работните процеси
Моќниот Intel Core 2 Duo процесор се грижи сите потреби за печатење да бидат обработени со голема брзина и овозможува извонредно брза двојна обработка. Дополнително, големиот број алатки за проследување на задачите и автоматизирање на работниот процес придонесуваат за одржување ниски трошоци, намалување на грешките и минимизирање на потребата за дополнителен кадар во производството.

Efi Command Workstation® оперира во срцето на вашиот дигитален работен производен процес, нудејќи одлични можности сѐ да работи во рамките на своето оптимално ниво. На пример, функцијата за Запирање при несовпаѓање ги предупредува операторите ако печатачот содржи поинаков медиум од оној што е одреден за програмираната задача за печатење. Исто така вклучени се автоматски фолдери (Hot folders), при што задачите можат да се повлекуваат и префрлуваат од работната површина за автоматско составување на документите.

Софистицирани можности за составување и распоред
imagePRESS Server J200 е опремен со познатиот софтвер Compose од EFI, кој обезбедува напреден преглед и околина за уредување. Нејзиниот широк опсег на софистицирани алатки за составување на документи и напреден WYSIWYG кориснички интерфејс ја подобрува проверката на документите, го забрзува составувањето и им овозможува на помалку искусните оператори да изведуваат сложени функции на документите. Исто така, достапен е и софтверот EFI Impose како помош при процесот на формирање редослед на документите.

Безбеден и сигурен
Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Драјвери
Брошури
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба