imagePRESS Server T1 е вградена контролна опција која на ракувачите им дава моќ и гарантира најизвонредни резултати на бојата. Исклучителни брзини на обработка се постигнуваат и кај најкомплексните дигитални датотеки, правејќи го идеален за средини со печатење со наплата и за корпоративни репрографски одделенија.
Брза обработка, брзи обрти imagePRESS Server T1 е изграден со примена на Fiery System 8, кој овозможува брзини на обработка кои се водечки во индустријата, а кои помагаат во максимизирање на враќањето на инвестицијата (ROI) во вашата машина за печатење imagePRESS C1.
Контролорот вклучува бројни технологии кои обезбедуваат брза обработка на сите задачи за печатење на imagePRESS C1. Тие ги вклучуваат SmartRIP, RIP 1 While Print 2, и ECT компресија.
Ефикасен работен тек Едноставните работни текови овозможуваат ракувачите да ги намалат времињата за поставување, а помагаат и во минимизирање на грешките. Ефикасноста за работни текови во PDF е уште повеќе зголемена, бидејќи imagePRESS Server T1 с во можност да исцртува датотеки во PDF кои содржат XObject-и.
Достапни се бројни алатки за да им помогнат на ракувачите да обезбедат брзо поставување и испорака на задачи од сите видови на комплексност. На пример, задачите кои честопати се јавуваат може однапред да се постават и да се сочуваат на сервер како шаблон за Нot Folder, виртуелен печатач или PPD.
|