Стручноста и наследството на Canon во професионалното печатење ни овозможи да го создадеме досега технолошки најнапредниот уред за печатење со помал обем. Комбинирајќи одличен квалитет на сликата, високо ниво на завршна обработка и моќна интеграција на работниот процес, imageRUNNER ADVANCE C9070 PRO претставува нареден чекор во областа на профитабилното печатење.
Висока продуктивност
imageRUNNER ADVANCE C9070 PRO е дизајниран за максимална продуктивност кај CRD салите за печатење, комерцијалното печатење и услугите "печатење за плаќање". Благодарение на неверојатно практичното користење, многу лесно се изведуваат сложени работни задачи за печатење на мали тиражи во боја.
Брзината на печатење до 70 стр/мин во боја или црно-бел формат, максималната залиха на хартија од 9.300 листа и тонерот кој може да се дополни во текот на печатењето само ги истакнуваат високите перформанси. Сето тоа може дополнително да се подобри со помош на софтверот eMaintenance Advanced на Canon, кој овозможува заштеда на време, автоматско мерење и нарачка на потрошни материјали.
Извонредно управување со медиуми и врвна завршна обработка
Понудете им голем избор на вашите клиенти благодарение на неверојатно флексибилните можности за работа со медиуми кои ги нуди imageRUNNER ADVANCE C9070 PRO. Необложена хартија, сјајни медиуми, максимална стандардна големина на хартија од SRA3 (или 330,2 x 487,7mm за неправилна големина), како и тешките медиуми до 300 g/m2 нудат широк избор на можности.
Професионалното правење дупки, превиткувањето (Z-превиткување, внатрешно-C, надворешно-C, двојно паралелно и централно превиткување), вметнувањето и средишната завршна обработка со отсекување се постигнуваат сосема лесно, овозможувајќи ви да им понудите исклучителен избор на своите клиенти.
Импресивен квалитет
imageRUNNER ADVANCE C9070 PRO вклучува бројни иновации кои придонесуваат за достигнување највисок квалитет на печатење. Системот тонери на Canon го проширува спектарот на репродуцирани бои, нудејќи исклучително спојување и квалитет за најостар текст и најчиста графика.
ARCDAT технологијата на Canon за калибрирање во реално време овозможува постојано постојано добивање на бои, преку автоматизирано мерење и прилагодување на густината на сликата за време на секое печатење.
Моќна интеграција во работниот процес
Интеграцијата со софтверското решение HELIX Production Workflow на Canon овозможува значајни придобивки во однос на заштедата на време и трошоци, со функции како онлајн нарачки, доделување „билети“ за задачите и плаќање и директна интеграција со апликации за печатење различни видови податоци.
imageRUNNER ADVANCE ColorPASS-GX300 RIP ги оптимизира машината и корисничките перформанси за подобрување на продуктивноста и враќање на инвестираните средства.
|