Врз основа на одличната репутација на својот претходник, imagePRESS C7010VP претставува дигитална печатачка машина во боја која обезбедува квалитет на сликата кој изгледа како офсет печатење. Одликувајќи се со уште поголем квалитет при печатењето, извонредни можности за завршна обработка и значителен капацитет за печатење, таа започнува еволуција во можностите за печатење и остварување профит.
Уште повисок квалитет Хармонизацијата на повеќе технолошки иновации создаде квалитетен стандард со кој се одликува imagePRESS. На пример, V-тонерот од Canon со своите неверојатно мали честички и карактеристики за спојување без масло во комбинација со напредни технологии за контрола на сликата врши оптимизација на сјајноста за да обезбеди врвна завршна обработка на сите медиуми.
Предвидливите и постојани бои се загарантирани на речиси сите должини благодарение на системот за напредна контрола на слика (ARCDAT) од Canon и нашата нова технологија за стабилизирање на густината на бојата на тонерот.
Неверојатна брзина и продуктивност Брзината на печатење изнесува 71 слика/мин. - дури и при користење на потешки или обложени медиуми до 325 gsm. Овозможува залиха на медиуми од максимум 10.000 листови од 8 различни извори. Доколку се користи V тонерот од Canon, ќе можете непрекинато да печатите 8 часа.
Достапни се голем број на можности за линиска завршна обработка кои заштедуваат време, како што е совршеното спојување. А сега, благодарение на можностите за печатење на поголеми медиуми и зголемената продуктивност на апликациите за печатење на различен број на страни, како извештаи, упатства и брошури, новата единица за средишна завршна обработка ви овозможува да додадете апликации како Pitch Books во вашите процеси на печатење.
Печатење со голема прецизност Интелигентната технологија за регистрација (IRT) на Canon нуди исклучителна прецизност при регистрацијата од напред кон назад или од една кон друга страна. Напредната технологија за рамномерност (AST) го подобрува квалитетот на печатењето на местата со комбинации од текст и сложена графика. А ефикасниот систем за резолуција врши интелигентни прилагодувања на сликата според начинот на кој отпечатоците се гледаат со човечко око.
Напредниот систем за снабдување со помош на воздух обезбедува високи нивоа на сигурност со ултрасоничен систем за откривање на двојното снабдување, кој ги открива повеќекратните снабдувања и ги отстранува без прекинување на работата.
Моќна контрола на работниот процес Достапни се многу моќни опции на серверот за управување на вашиот imagePRESS C7010VP. Тие можат да се справат со најсложените задачи со неверојатна леснотија, без разлика дали податоците се статични или променливи. Деталните извештаи пред и по печатењето влеваат огромна доверба кај корисниците.
|