За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Печатење голем формат > LP24

Canon LP24
Печатење голем формат

Архива на производи

imagePROGRAF LP24 е конструиран за канцелариска средина и доаѓа во комбинација со софтверот PosterArtist на Canon, за лесно дизајнирање и печатење графички означувања, вклучувајќи постери, продажни графикони и проектни планови. Сè во 5 лесни чекори.

Карактеристики

  • Креирање на графички обележувања во 5 лесни чекори
  • Скенирање во зголемен отпечаток во комбинација со повеќефункционален уред од Canon
  • Економичен режим за економично печатење
  • Неверојатно брзи отпечатоци A1 за само 33 секунди
  • Величествено живи бои
  • Отпечатоци без рамка за максимален впечаток
  • Широка палета на медиуми
Понатамошни информации

Со LP24 можете да креирате постери со силен впечаток, проектни планови и материјали за обука, без потреба од ангажирање надворешен изведувач.

Poster Artist
Со LP24 е вклучен неверојатно моќниот, а сепак лесен-за-користење, софтвер PosterArtist. Ова ви овозможува внесување на вашите слики, фотографии и Microsoft office документи или да одберете од преку 1.000 слики и шаблони, за да креирате постери со професионален изглед, во само пет лесни чекори.

Економично печатење
За високо економично печатење може да се избере режимот Economy Printing, кој ви овозможува да произведувате евтини нацрт отпечатоци, пред да завршите со конечното печатење. Ова ја намалува потрошувачката на мастило за околу 50%, што е идеално за големи канцелариски средини, каде што многу корисници печатат многукратни документи.

Живи бои
LP24 произведува живи бои за печатење големи формати, кои го оживуваат секој детаљ. Без оглед дали печатите постери, продажни графикони или проектни планови, системот со 5 бои и пигментно реактивно мастило обезбедува високопродуктивно печатење, како и оптимизирање на квалитетот на печатење.

Решение за скенирање во зголемен отпечаток
Кога се комбинира со повеќефункционалните уреди на Canon, LP24 овозможува функција на скенирање во зголемен отпечаток. Оваа опција му овозможува на корисникот да го скенира документот во неговиот оригинален облик, а потоа да го печати во зголемен формат. Опцијата скенирање во зголемен отпечаток му овозможува на корисникот лесно да креира големи документи, без да треба одново да ги креира оригиналните датотеки, обезбедувајќи брзо деловно решение, прилагодено на корисникот.

Продуктивни отпечатоци
LP24 ви овозможува да ги добиете саканите резултати, без да чекате наоколу. Стандардни отпечатоци А1 на обична хартија се произведуваат за само 33 секунди.

Други опции
Голема LCD контролна табла го прави ракувањето едноставно.Иновативниот дизајн на вентилаторот овозможува потивка работа, така што ќе ги забележувате отпечатоците, а не бучавата.Автоматската поправка на искривување значи дека, дури и оние што не се запознаени со печатачот, лесно можат да монтираат хартија.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Info
Print Head Warranty
Environmental Care
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба