SmartLF Ci 40 ви овозможува брзо и прецизно скенирање и копирање на документи со голем формат, без отстапување на работата на надворешните субјекти. Во комбинација со Canon печатачот со голем формат, ова е идеално решение за CAD и GIS пазарите, кај кои брзината и прецизноста се најважни.
Прецизно скенирање на документи Кај CAD и GIS пазарите, прецизноста и точноста се исклучително значајни за успехот на кој било проект. Smart LF Ci 40 користи CIS технологија и има оптичка резолуција од 600dpi, овозможувајќи пресоздавање на фини линии и детални слики при скенирањето и копирањето на документи, како и прецизна репродукција на планови и мапи.
Заштеда на простор Просторот е еден од најважните елементи во повеќето канцеларии. Ci 40 се одликува со компактен и лесен дизајн за да може да се смести во мали простори и, кога е потребно, лесно да се премести.
Едноставно користење Едноставните контролни копчиња и LCD екранот, како и снабдувањето со документи со предната страна свртена нагоре и излезот на скенираните документи, го олеснуваат скенирањето и копирањето за сите корисници.
Енергетска ефикасност Ci 40 е усогласен со Energy Star, со можност за исклучување при мирување со што се гарантира минимална потрошувачка на енергија.
Можност за поврзување во мрежа Гигабитното етернет поврзување значи дека вие лесно ќе можете да го поврзете Ci 40 на вашата деловна LAN мрежа, овозможувајќи брз и ефикасен трансфер на фајлови.
Висока продуктивност Брзината е од исклучително значење при секој деловен процес, особено кога станува збор за исполнување на одредени рокови. Ci 40 нуди брзо завршување на задачите за скенирање и копирање, со можност за скенирање до 10” во секунда.
Непосредно започнување со скенирање Ci 40 се одликува со "plug & play" поставување преку USB2 и се испорачува со SmartLF “сè во едно” софтвер за скенирање и копирање, кој ќе ви овозможи веднаш да започнете со скенирање и копирање.
|