Идеални за продукциски и комерцијални намени, Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 скенерите ви овозможуваат висококвалитетно скенирање и копирање на големи документи во боја или црно-бел формат, на брз и едноставен начин, без отстапување на работата на надворешните субјекти.
|
SmartLF Gx+ 42 и Gx+ T42 скенерите ви нудат висококвалитетно скенирање и копирање на големи документи во боја или црно-бел формат на едноставен начин. Во комбинација со Canon печатачот со голем формат, ова е идеално решение за продукциските и комерцијалните опкружувања кај кои скенирањето, копирањето и печатењето на големи документи има исклучително значење.
Висококвалитетна репродукција на слики Репродукцијата на живописни бои и фини детали е од исклучителна важност кај комерцијалните и продукциските опкружувања. Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 користат CCD технологија и имаат резолуција од 1200dpi, овозможувајќи ви прецизно скенирање и копирање, при што се добиваат светли и детални документи и слики.
Висока продуктивност Во продукциското и комерцијалното печатење, брзината е исклучително значајна, бидејќи колку повеќе корисници ќе услужите, толку поголема ќе биде вратената инвестиција. Gx+ 42 и Gx+ T42 се дизајнирани за голема продуктивност, со можност за скенирање до 12 инчи во секунда во црно-бело и 4 инчи инчи во секунда во боја.
Непосредно започнување со скенирање и копирање Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 се "plug & play" уреди кои се испорачуваат со SmartLF софтверот “за директно извршување” - софтверски пакет кој ви овозможува брзо и лесно да го инсталирате уредот и веднаш да започнете со скенирање и копирање.
Енергетска ефикасност Gx+ 42 и Gx+ T42 се усогласени со Energy Star, со можност за исклучување при мирување со што се гарантира минимална потрошувачка на енергија.
Можност за поврзување во мрежа Гигабитното етернет поврзување значи дека вие лесно ќе можете да ги поврзете Gx+ 42 и Gx+ T42 на вашата деловна LAN мрежа, овозможувајќи брз и ефикасен трансфер на фајлови.
Работа со дебели медиуми SmartLF Gx+ T 42 скенерот вклучува моторизиран систем за подебели медиуми кој овозможува скенирање на документи помеѓу 2mm и 20mm, вклучувајќи и слики поставени на Foamex и Kappa плочи.
|