Извонреден квалитет на печатење Направете материјали со резолуција од 2.400 x 1.200 dpi кои ќе привлечат огромно внимание. iPF510 применува реактивен систем на мастила со боја/пигмент во 5 бои кој обезбедува отпечатени материјали со поостри, потенки линии и поживописни бои. Реактивниот систем на мастила го зголемува квалитетот на отпечатениот материјал преку намалување на растекувањето на бојата и задржување на постојаноста на сликите, при што обезбедува отпечатени материјали со поголема прецизност и острина – без разлика колку детали содржат.
Голема продуктивност iPF510 нуди печатење на A2 материјали со голема брзина за само 21 секунда (во брз режим). Технологијата за печатење без рабови на Canon ја зголемува вашата продуктивност, бидејќи нема потреба од дополнително отсекување – заштедувајќи ви време и пари. И покрај неговиот компактен дизајн, iPF510 се одликува со 4 патеки за медиуми – ролна, касета и два механизми за рачно снабдување.
Економично печатење iPF510 ќе ви помогне да ги намалите трошоците, благодарение на економичното печатење со голема брзина со помош на режимот за економично печатење кој ја намалува потрошувачката на мастило.
Едноставен за користење Големиот број на функции го прават iPF510 едноставен за користење. Голем, осветлен и практичен LCD панел кој нуди пристап до софистицираните функции. Драјверот за печатачот може да се прилагоди според вашето ниво на експертиза, а контролирањето на печатењето се врши од предната страна на печатачот, со едноставна хартија во ролна и полнење на резервоарот со мастило.
Идеален за специјализирани CAD апликации Дизајнирани да ги обезбедат квалитетното рендерирање на линии и продуктивноста кои се потребни за специјализирана примена за CAD, iPF510 нуди целосна поддршка за специјалните формати на фајлови CAD, HP-GL/2, HP RTL, како и HDI драјвер за Windows.
Создадете професионални постери и многу повеќе Дизајнирајте постери како професионалците без претходно искуство, благодарение на софтверот PosterArtist Lite од Canon, кој се испорачува со iPF510. Создадете постери со професионален изглед, реклами и знаци со користење на разни шаблони, слики со висока резолуција и материјали со авторски права, во само четири едноставни чекори. Исто така, вклучена е дополнителна компонента за печатење преку MS Office (Word, Excel и Powerpoint) – овозможувајќи ви едноставно печатење од вашите омилени апликации. Софтверот Digital Photo Front Access ви овозможува да вчитувате дигитални фотографии и да ги уредите пред да ги вметнете во вашите дизајни за постери.
|