iPF605 е 24“ печатач за големи формати, со боја/пигментно мастило во 5 бои, идеален за CAD & GIS примени, благодарение на фината репродукција на линиите, живописните бои и детални слики.
|
imagePROGRAF iPF605 е 24“ печатач за големи формати, со боја/пигментно мастило во 5 бои, идеален за печатење фини линии, живописни бои и детални слики со со висок квалитет. Оптималната резолуција од 2.400 x 1.200, цврстата конзистентност на сликата, репродукцијата на текст со висок квалитет и економичното печатење – го чинат овој печатач совршен за пазарот на CAD/GIS.
Извонредни слики iPF605 е опремен со технологија на мастило, развиена специјално за печатење детални деловни документи и инженерски апликации со фини линии, ситен текст, детални графикони и табели. Оваа уникатна формулација ја подобрува атхезијата на мастилото на медиумот и ја минимизира дифузијата на една боја во друга. Репродукцијата на сликата е со извонредни 2.400 x 1.200 dpi.
Извонредни брзини по ниска цена Извонредните перформанси на печатење (33 секунди за A1 отпечатоци во режим на скица) го прават iPF605 идеален за брзо производство на што и да ви треба - без потреба од испраќање во локална специјализирана печатница. Во комбинација со економичниот режим можете да го намалите користењето на мастилото, а со тоа и трошоците за печатење.
Идеален за специјализирани CAD апликации Конструиран за CAD апликации, iPF605 е опремен со сè што ви треба за извонредни резултати. Специјалистичките формати на CAD датотеки HP-GL/2 и HP RTL се целосно поддржани, а вклучен е и HDI драјвер за Windows. Меморија од 256MB овозможува лесна обработка дури и на најкомплексните датотеки, како и високи перформанси, а вклучен е и уред за сечење со голема издржливост, давајќи професионална завршна обработка на сите ваши задачи.
Способен и лесен за соживот ЛЦД контролната табла содржи графички анимации за да обезбеди брзо и лесно сфаќање на уредот - дури и ако никогаш не сте ракувале со печатач за големи формати. Процесот го помага софтвер кој е моќен, но сепак лесен за користење - така што лесно се постигнуваат дури и покомплексни задачи. Освен тоа, компактната и неверојатно тивка работа го прават iPF605 лесен за интеграција во секоја работна средина.
|