imagePROGRAF iPF610 е 24” (A1) печатач за големи формати, кој испорачува извонредни резултати - без оглед на тоа дали произведува атрактивни графики за вашите клиенти или исцртува детални архитектонски планови од вашите CAD апликации.
Оптимален квалитет на слика и оптимална продуктивност за вашиот бизнис iPF610 го вклучува системот на Canon за мастило со боја-и-пигменти, со 5 бои, за оптимални резултати во вашиот бизнис. 1” глава за печатење на Canon дава репродукција од 1200 dpi, големина на капка од 4 pl и впечатлив вкупен број на 15.360 дизни. Реактивниот систем на мастило со пет бои го зголемува квалитетот на отпечатоците, обезбедувајќи помалку дифузија на една боја во друга и целосна постојаност на сликата, испорачувајќи со тоа резултат кој задржува повеќе точност и острина - колку и да е детална.
Големите брзини на печатење (33 секунди за A1 отпечатоци во брз режим) го прават iPF610 идеален за брзо производство на детални планови, тогаш кога се потребни - без потреба од испраќање во локална специјализирана печатница.
Идеален за специјализирани CAD апликации iPF610 е конструиран да пружа квалитетно исцртување на линии и продуктивност, потребни за специјализирана CAD употреба. Надградувајќи се на успехот на својот претходник iPF600, iPF610 сега нуди полна поддршка за специјализирани CAD формати на датотеки HP-GL/2, формати на датотеки HP RTL, а обезбеден е и HDI драјвер за Windows. Голема меморија од 256MB гарантира лесна обработка дури и на најкомплексните датотеки.
Способен и лесен-за-користење ЛЦД контролната табла содржи графички анимации за да обезбеди брзо и лесно сфаќање на уредот - дури и ако никогаш не сте ракувале со печатач за големи формати. Процесот го помага софтвер кој е моќен, но сепак лесен за користење - така што лесно се постигнуваат дури и покомплексни задачи.
Иако има многу компактен дизајн, iPF610 вклучува и 4 патеки за медиуми - за ролна, касета и две рачни - како и автоматско префрлување на медиумот во ролна, заради дополнително олеснување. Всушност, системот за вовлекување од касета овозможува вовлекување на нови листови пред да биде исфрлен претходниот лист. Неодамна конструираниот вентилаторски систем е неверојатно тивок - така што вниманието ви го привлекува резултатот, а не бучавата.
|