За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Печатење голем формат > imagePROGRAF iPF6350

Canon imagePROGRAF iPF6350
Печатење голем формат

TIPA Awards 2010

Со вклучениот систем LUCIA EX на мастило со пигмент во 12 бои, iPF6350 обезбедува извонредна прецизност, богати бои и исклучителна разновидност за професионалците за графичка уметност.

Карактеристики

  • Висококвалитетни отпечатени материјали од 24”
  • Новиот LUCIA EX систем на мастила со пигмент во 12 бои
  • Дизајнирани за печатење, пробни отпечатоци, дизајн, рекламирање и апликации во малопродажба
  • Хард диск од 80 GB
  • Додадена разновидност со RIPS, медиуми и работни процеси
  • Едноставен за разбирање и ракување
Клучни предности

Врз основа на репутацијата на Canon во пазарот со големи формати, iPF6350 обезбедува продуктивни брзини, врвен квалитет на печатење, одлична сигурност и исклучителна разновидност за професионалците за графичка уметност.

Врвно печатење и пробни отпечатоци
Обрнувајќи внимание на строгите потреби за производство и пробни отпечатоци на опкружувањата, како и специјализираните апликации за фотографии, iPF6350 вклучува LUCIA EX, најновиот и најиновативниот систем на мастило со пигмент во 12 бои на Canon. Овој LUCIA EX систем на мастило со пигмент е засилен со подобрена технологија за обработка на слика за обезбедување на широка палета на бои, рамномерни градации, помал бронзен ефект и отпечатени материјали со голема отпорност на гребнатини.

Исто така, системот обезбедува подобрена репродукција на црната боја и претставување на градациите во темни области, нудејќи исклучителен квалитет на печатење кој е потребен за апликациите за печатење фотографии.

Подобрената прецизност на текст и линии, како и одличната хомогеност на бои на страниците, му овозможуваат на печатачот да функционира и како исклучително прецизен уред за пробни отпечатоци.

Додадена продуктивност
iPF6350 се одликува со вграден хард диск од 80GB кој овозможува печатење со голема ефикасност. Хард дискот го олеснува враќањето назад на задачите откако ќе настанат грешки, преуредувањето на задачите и овозможува работење со огромни количини на податоци без напор.

Огромна разновидност
iPF6350 нуди одлична компатибилност со системите за управување со бои (CMS) врз основа на ICC профил. Исто така, тој е дизајниран да работи беспрекорно со многу добавувачи на RIP од други фирми, да нуди поддршка за апликациите за производство, фотографии и пробни отпечатоци. А за максимална разновидност, поддржани се многу различни видови на медиуми.

Ракување без напор
Голем, светол и читлив LCD екран кој го олеснува ракувањето.

Ефективно управување со трошоците
Вградениот софтвер за управување со трошоци го олеснува следењето на трошоците на задачите и овозможува повремено правење на пресметки за враќање на инвестициите.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Info
Print Head Warranty
Environmental Care
Large Format Solutions
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба