За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Печатење голем формат > iPF650

Canon iPF650
Печатење голем формат

Изработен за високо квалитетна продукција во CAD/GIS средините, imagePROGRAF iPF650 е печатач со голем 24”/A1 формат кој нуди извонреден квалитет и импресивно враќање на инвестираните средства.

Карактеристики

  • Компактен дизајн кој ќе ви заштеди простор
  • Следење на трошоците и враќањето на инвестицијата со софтвер за пресметка на трошоците
  • Практичен пристап од предна страна
  • Висока продуктивност влучувајќи “Hot swap” замена на патрони со мастило без прекинување на работата
  • Исклучителен квалитет и прецизност
  • Компатибилност со HP GL/2 и HP-RTL
Понатамошни информации



Дизајниран за практично и едноставно користење
iPF650 е дизајниран за удобно вклопување во било какво CAD/GIS опкружување Компактниот тенок дизајн и системот за достап на хартијата од предната страна ќе ви овозможат да го поставите печатачот таму каде што ви одговара – дури и веднаш до ѕид. Сите операции вклучувајќи го и менувањето на патроните со мастило се вршат од предната страна, така што печатачот нема да ви одземе многу простор од вашата канцеларија без разлика каде ќе го поставите.

Големиот LCD контролен панел располага со графички анимации и е сосема лесен за користење. Отпечатените материјали автоматски се поставуваат еден врз друг и можат да се подигнат од корпата со голем капацитет која го спречува нивното оштетување, а постои и практичен тајмер за мерење на времето кое е потребно за довршување на печатењето.

Висока продуктивност
Можете да очекувате исклучителна продуктивност со печатење на A1 скици и работни верзии за само 24 секунди. L-COA технологијата за обработка на слики на Canon и компатибилноста со гигабитните етернет мрежи, нудат врвна репродукција на секаков вид материјали, почнувајќи од архитектонски планови па сè до географски информации.

“Hot-swap” патроните со мастило овозможуваат да се заменат кертриџите со мастило без да се прекине процесот на работа при тоа постигнувајќи максимална продуктивност.

Економичен и ефикасен
Вградената функција за пресметка на трошоците нуди прецизно следење на цената по испечаток и комплетниот трошок за вашиот печатач и ви овозможува да ги прегледувате податоците преку драјверот на печатарот или да ги вчитате во CSV датотека заради користење во вашите сопствени датотеки или системи. Можете да изберете економичен режим кој троши помалку мастило - тој е идеален за печатење на скици и работни верзии на документи. Понатаму, eMaintenance софтверот на Canon автоматски ги открива механичките проблеми и ниското ниво на мастило, директно поврзувајќи се со сервисниот центар на Canon за максимално користење без прекин во работата.

Исклучителен квалитет и прецизност
Реактивниот обоен-и-пигментиран систем на мастила во 5 бои на Canon овозможува живописни бои и најостри тенки линии, додека новото мастило со магента боја дополнително ја подобрува црвената палета. Со точност од +/- 0,1% како и минимална широчина на линија од 0,02mm, прецизноста е загарантирана. За максимален ефект сликата се прикажува со резолуција од 2.400 x 1200 dpi, благодарение на фините глави за печатење со 15.360 млазници.

Изработен за работните процеси со големи потреби
iPF650 е компатибилен со HP-GL/2 и HP-RTL, вклучувајќи ја можноста за поставување на регулатори за палеттно и линиско испишување, за CAD работните процеси кои се од најголема потреба. Покрај HDI драјверот за корисниците на AutoCAD и Microsoft Office, на располагање ви стои и дополнителна компонента за директно печатење во Word, Excel и PowerPoint.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Info
Print Head Warranty
Environmental Care
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба