imagePROGRAF (iPF) 710 е 36” (A0) печатач за големи формати со 5 бои, кој дава живописна боја и исцртување 2.400 х 1.200 dpi, со извонредна репродукција на линија, целосна постојаност на сликата и репродукција на текст со висок квалитет.
Оптимален квалитет на слика и продуктивност iPF710 го вклучува системот на Canon за мастило со боја-и-пигменти, со 5 бои, за оптимални резултати кога се користи како дополнување на вашиот работен тек на CAD/GIS. 1” глава за печатење на Canon дава репродукција од 2.400 х 1.200 dpi, големина на капка од 4 pl и впечатлив вкупен број на 15.360 дизни. Реактивниот систем на мастило со пет бои го зголемува квалитетот на отпечатоците, обезбедувајќи помалку дифузија на една боја во друга и целосна постојаност на сликата, испорачувајќи со тоа резултат кој задржува повеќе точност и острина - колку и да е детална.
Забрзаниот процес на печатење обезбедува испорака на квалитетни отпечатоци многу побрзо отколку со другите машини од класата, со отпечатоци на обична хартија А0, кои може да се испорачаат за зачудувачки 56 секунди.
Целосна поддршка на работниот тек на CAD iPF710 беспрекорно се вклучува во вашиот работен тек на CAD. Датотеките во HPGL/2 и HP RTL се целосно поддржани, а вклучен е и HDI драјвер за Windows. Голема меморија од 256MB гарантира лесна обработка дури и на најкомплексните датотеки.
Способен и лесен-за-користење ЛЦД контролната табла содржи графички анимации за да обезбеди брзо и лесно сфаќање на уредот - дури и ако никогаш не сте ракувале со печатач за големи формати. Процесот го помага софтвер кој е моќен, но сепак лесен за користење - така што лесно се постигнуваат дури и покомплексни задачи.
Со еден додаток се овозможува лесно прикачување на 2-инчни или 3-инчни ролни. Системот за вовлекување од касета овозможува вовлекување на нови листови пред да биде исфрлен претходниот лист. Огромна палета на медиумски опции овозможуваат извонредна флексибилност.
Неодамна конструираниот вентилаторски систем е неверојатно тивок - така што вниманието ви го привлекува резултатот, а не бучавата.
|