imagePROGRAF iPF750 е 36”/A0 печатач, кој се одликува со водечка продуктивност во својата класа, исклучителен квалитет, прецизност и напредни функции за брзо враќање на инвестираните средства.
|
Дизајниран за практично и едноставно користење iPF750 е дизајниран за удобно вклопување во било какво CAD/GIS опкружување. Компактниот тенок дизајн и системот за достап на хартијата од предната страна ќе ви овозможат да го поставите печатачот таму каде што ви одговара – па дури и веднаш до ѕид. Сите операции вклучувајќи го и менувањето на патроните со мастило се вршат од предната страна, така што печатачот нема да ви одземе многу простор од вашата канцеларија без разлика каде ќе го поставите.
Големиот LCD контролен панел располага со графички анимации и е сосема лесен за користење. Отпечатените материјали автоматски се поставуваат еден врз друг и можат да се подигнат од корпата со голем капацитет која го спречува нивното оштетување, а постои и практичен тајмер за мерење на времето кое е потребно за довршување на печатењето.
Висока продуктивност Можете да очекувате исклучителна продуктивност со печатење на A0 скици и работни верзии за само 48 секунди. L-COA технологијата за обработка на слики на Canon и компатибилноста со гигабитните етернет мрежи нудат врвна репродукција на секакви материјали, почнувајќи од архитектонски планови па сè до географски информации.
“Hot swap” патроните со мастило овозможуваат кертриџите со масло да се заменуваат за време на печатењето без прекини во работењето при тоа постигнувајќи максимална продуктивност.
Економичен и ефикасен Вградената функција за пресметка на трошоците нуди прецизно следење на цената по испечаток и комплетниот трошок за вашиот печатач и ви овозможува да ги прегледувате податоците преку драјверот на печатарот или да ги вчитате во CSV датотека заради користење во вашите сопствени датотеки или системи. Можете да изберете економичен режим кој троши помалку мастило - тој е идеален за печатење на скици и работни верзии на документи. Понатаму, eMaintenance софтверот на Canon автоматски ги открива механичките проблеми и ниското ниво на мастило, директно поврзувајќи се со сервисниот центар на Canon за максимално користење без прекини во работата.
Исклучителен квалитет и прецизност Реактивниот обоен-и-пигментиран систем на мастила во 5 бои на Canon овозможува живописни бои и најостри тенки линии, додека новото мастило со магента боја дополнително ја подобрува црвената палета. Со точност од +/- 0,1% како и минимална широчина на линија од 0,02mm, прецизноста е загарантирана. За максимален ефект сликата се прикажува со резолуција од 2.400 x 1200 dpi, благодарение на фините глави за печатење со 15.360 млазници.
Изработен за работните процеси со големи потреби iPF650 е компатибилен со HP-GL/2 и HP-RTL, вклучувајќи ја можноста за поставување на регулатори за палеттно и линиско испишување, за CAD работните процеси кои се од најголема потреба. Покрај HDI драјверот за корисниците на AutoCAD и Microsoft Office, на располагање ви стои и дополнителна компонента за директно печатење во Word, Excel и PowerPoint.
|