Сметајте на блескава продуктивност со iPF810. Наменет за CAD & GIS примена, како за печатење со плаќање така и за големи корпоративни средини, овој 44” печатач испорачува извонредна репродукција, висока постојаност на слика, а содржи и резервоари за мастило со голем капацитет „hot swap“.
Извонреден квалитет и точност Системoт на реактивно пигментно мастило на Canon со 5 бои, произведува живописни бои и најтенки, најостри линии, а со опсег на точност од +/- 0.1%, како и на минимална ширина на ред од 0,02mm, прецизноста е загарантирана - сликите се изведуваат при 2.400 x 1200 dpi за максимален впеќаток, благодарение на супер-фините глави за печатење со 15.360 млазници.
Висока продуктивност при мали трошоци Извонредниот квалитет на сликата е придружен со продуктивност, од која запира здивот, со отпечатени скици А0 за 47 секунди, а А1 за само 24 секунди. Се користат 300ml и 700ml „hot swap“ резервоари за мастило со голем капацитет, кои можат да се заменуваат и во текот на производството, за да се обезбеди постојана продуктивност, како и печатење без рамка, за заштеда на време за завршна обработка. Уредот има и изборен уред за прифаќање, за лесно управување со големи задачи.
За контрола на трошоците може да се одбере и економичен режим (Economy), кој користи помалку мастило, идеално кога печатите нацрт документи.
За CAD работни текови со гоеми барања iPF820 е конструиран за беспрекорно интегрирање и совршена работа во CAD работните текови со најголеми барања. Датотеките во HP-GL/2 и HP RTL се целосно поддржани, а вклучен е и HDI драјвер за Windows.
Лесно се користи со вграден 80Gb HDD Вградениот цврст диск од 80GB овозможува креирање на поштенски сандачиња кога уредот се користи ширум поголем број корисници, на пример во зафатени корпоративни средини. Лесното користење е уште повеќе зголемено благодарение на големиот, графички кориснички интерфејс, кој го прави ракувањето навистина лесно
|