За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши производи > Печатење голем формат > iPF8100

Canon iPF8100
Печатење голем формат

За големи отпечатоци до 44”, кои иставаат уште поголем впечаток, не барајте друго освен iPF8100, специјализиран печатач за уметнички репродукции и фотографии.

Карактеристики

  • Систем на пигментни мастила LUCIA, со 12 бои, за извонредни репродукции во боја до 44”
  • Со дизајн на двојна глава за печатење, iPF8100 испорачува извонреден квалитет со голема брзина.
  • Технологија на економично печатење
  • Лесен за ракување, со напредни софтверски опции
  • Отпечатоци без рамка (до 42”) за максимален впечаток
Понатамошни информации

Конструиран специфично за ги дава најдобрите резултати во уметничката и фотографската примена, iPF8100, на Canon, користи систем на пигментни мастила LUCIA, со 12 бои, кој произведува извонредно точни бои, изразени црни и бели, а згора на тоа е и многу економичен.

Извонредни бои и брилијантно црно и бело
Неверојатниот систем на Canon, на пигментни мастила LUCIA со 12 бои, го произведува целиот спектар на бои, со неверојатна точност и совршен баланс, благодарение на иноватовното истовремено воведување на RGB и CMY мастила. Двојната глава за печатење, опремена со 30.720 дизни, произведува супер-фини, рамномерно распределени капки од 4 пиколитри.

Црно-белите фотографски дела никогаш не изгледале толку добро. Комбинација од црно, матирано црно, сиво и фото-сиво мастило, овозможува неверојатно рамномерна градација, без зрнетост, за неверојатно живописна фотографија. Ја отвора вратата за бројни примени, како венчални фотографии, крштевки и рапидно растечките дела на портрети во живо.

Подеднакво е важно тоа, што iPF8100 ви овозможува да произведувате дела, кои се тука за секогаш, со отпечатоци, кои гарантирано нема да бидат оштетени од светлото (отпорност на светлина) за 100 години, а со печатење без рамка, до 42“, вашите отпечатоци ќе оставаат максимален впечаток.

Со вградена алатка за калибрирање на боите, вашите отпечатоци ќе бидат постојано исти при секое следно печатење и, откако ќе го поставите калибрираниот печатач, нема потреба од надворешни уреди.

Економично и високо продуктивно печатење
Големиот број достапни мастила, плус воведувањето на две одделни сиви мастила, значи дека, за разлика од вообичаените системи, тука има многу помала потреба од мешање на боите (за да се создадат други бои), а како последица на тоа, потребно е многу помалку мастило. Што значи брилијантни резултати, кои се и многу економични.

Таков иновативен систем значи и дека нема да ги доведувате во прашање вашите рокови. iPF8100 може да печати скици во A1 за нешто повеќе од 2 минути. . Резервоарите за мастило, со голем капацитет (700ml), може да се заменуваат во текот на печатењето, овозможувајќи постојани перформанси, кои ги постигнуваат сите рокови.

Лесно ќе живеете и ќе растете со него
Големиот ЛЦД го прави ракувањето со iPF8100 неверојатно лесно, овозможувајќи ви да се фокусирате на креирањето на своите ремек-дела. Специјалната управувачка програма за печатачи, од Canon, ви дава пристап до богатство од напредни способности, како KYANOS, управувањето со боја на Canon, од следната генерација. Но за едноставно работење, може да го изберете „лесниот режим“, користејќи ги разните однапред конфигурирани нагодувања.

Вклучен е и дополнителен софтвер, кој ги подобрува поврзувањето и способноста на вашата средина за печатење во голем формат, кој вклучува и Digital Photo Front Access, помошна програма за Photoshop, а како опција можете да го додадете и неверојатниот софтвер на Canon, за креирање постери, PosterArtist 2007.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Info
Print Head Warranty
Environmental Care
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба