Очекувајте неверојатна продуктивност со iPF825. Дизајниран за CAD и GIS апликации наменети за комерцијално печатење и големи корпоративни опкружувања, овој 44” печатач обезбедува исклучително линиско печатење, живописни бои, континуиран висок квалитет на сликите и можност за замена на резервоарите со голем капацитет без прекинување на работата. Освен тоа, двојните валјаци ви овозможуваат подолготрајно печатење на различни видови и големини на медиуми.
Неверојатен квалитет и прецизност Реактивниот систем на мастила со боја и пигмент на Canon во 5 бои овозможува печатење на живописни бои и остри тенки линии, а со точноста од +/- 0,1% како и минималната широчина на линија од 0,02mm, прецизноста е загарантирана - сликата се прикажува со резолуција од 2.400 x 1200 dpi, благодарение на фините глави за печатење со 15.360 млазници.
Висока продуктивност Исклучителниот квалитет на сликата е надополнет со неверојатна продуктивност, со печатење на A0 скици и работни верзии за 45 секунди и A1 скици и работни верзии за само 24 секунди. Печатачот користи резероари за мастило со голем капацитет од 330ml и 700ml кои можат да се заменат за време на печатењето со цел да добиете непрекинато печатење, како и печатење без рабови за да заштедите време на завршната обработка. Исто така, уредот се испорачува со единица со двојни валјаци која овозможува едноставно печатење на обемни задачи со различни видови и големини на медиуми.
Економичен и ефикасен Вградената функција за пресметка на трошоците нуди прецизно следење на цената на печатењето и ви овозможува да ги прегледувате податоците преку драјверот на печатачот или да ги вчитате во CSV фајл заради користење во вашите сопствени системи. За одржување на ниски трошоци можете да изберете економичен режим, кој троши помалку мастило и е идеален за печатење на скици и работни верзии на документи.
За CAD работни процеси со големи потреби iPF825 е дизајниран за беспрекорно интегрирање и совршено извршување на CAD работни процеси со најголеми потреби. Големите фајлови ефикасно се обработуваат со напредна HP-GL/2 поддршка. Исто така, поддржан е форматот HP-RTL, а вклучен е и HDI драјвер за Windows.
Едноставен за користење со вграден HDD од 160Gb Вградениот хард диск од 160GB овозможува создавање на поштенски сандачиња кога уредот го користат повеќе корисници, на пример во динамичните корпоративни опкружувања. Големиот графички кориснички интерфејс го олеснува ракувањето и придонесува за поедноставно користење.
|