Извонреден квалитет на печатење Направете материјали со резолуција од 2.400 x 1.200 dpi кои ќе привлечат огромно внимание. iPF8300S применува нов систем на LUCIA EX мастила со пигмент во 8 бои и подобрена технологија за обработка на слики кои обезбедуваат поширока палета на бои, порамномерна градација, подлабоки темни тонови, поостра црна боја со намален бронзен ефект. Ситните детали се репродуцираат со поголема прецизност при печатењето. Исто така, отпечатените материјали се одликуваат со неверојатна долготрајност и подобра отпорност на гребнатини.
Голема продуктивност iPF8300S нуди печатење на материјали со неверојатно голема брзина до 63,5sqm/hr*. Вградениот хард диск од 160GB овозможува складирање на задачи за печатење, до кои можете лесно и директно да пристапите преку LCD панелот. Изборните резервоари за мастило со голем капацитет ви нудат избор од 330ml или 700ml, кои можат да се променат за време на печатењето. Технологијата за печатење без рабови (до 42”) ја зголемува вашата продуктивност елиминирајќи ја потребата од дополнително отсекување – заштедувајќи ви време и пари. Компатибилноста со гигабит етернет овозможува брз пренос на податоци, дури и за фајлови кои содржат многу податоци или задачи за печатење со голем обем.
Економично печатење iPF8300S ќе ви помогне да ги намалите трошоците, благодарение на економичното печатење со голема брзина со помош на новиот брз режим. Постои можност дополнително да заштедите доколку го вклучите режимот за економично печатење кој ја намалува потрошувачката на мастило. Исто така, можете да ги следите трошоците за печатење со помош на интуитивниот софтвер за пресметка на трошоци од Canon, кој овозможува управување на трошоците за печатење и враќање на инвестицијата.
Едноставен за користење Големиот број на функции го прават iPF8300S едноставен за користење. Голем, осветлен LCD панел кој нуди пристап до софистицираните функции. Драјверот за печатачот може да се прилагоди според вашето ниво на експертиза, а контролирањето на печатењето се врши од предната страна на печатачот, со едноставна хартија во ролна и полнење на резервоарот со мастило.
Создадете професионални постери и многу повеќе Дизајнирајте постери како професионалците без претходно искуство, благодарение на вклучениот софтвер PosterArtist Lite. Создадете постери со професионален изглед, реклами и знаци со користење на разни шаблони, слики со висока резолуција и материјали со авторски права, во само четири едноставни чекори. Исто така, вклучени се дополнителни компоненти за печатење преку MS Office, Adobe Photoshop и Digital Photo Professional – овозможувајќи ви едноставно печатење од вашите омилени апликации. Софтверот Digital Photo Front Access ви овозможува да вчитувате дигитални фотографии и да ги уредите пред да ги вметнете во вашите дизајни за постери.
* 63,5sqm/hr при избирање на економичен, брз режим и користење на обични необложени медиуми од 80gsm
|