Конструиран специфично за ги дава најдобрите резултати во уметничка и фотографска примена, iPF9100, на Canon, користи систем на пигментни мастила LUCIA, со 12 бои, кој произведува извонредно точни бои, изразени црни и бели, а згора на тоа е и многу економичен.
Извонредни бои и брилијантно црно и бело Неверојатниот систем на Canon, на пигментни мастила LUCIA со 12 бои, го произведува целиот спектар на бои, со неверојатна точност и совршен баланс, благодарение на иноватовното изтовремено воведување на RGB и CMY мастила. Двојната глава за печатење, опремена со 30.720 дизни, произведува супер-фини, рамномерно распределени капки од 4 пиколитри.
Црно-белите фотографски дела никогаш не изгледале толку добро. Комбинација од црно, матирано црно, сиво и фото-сиво мастило, овозможува неверојатно рамномерна градација, без зрнетост, за неверојатно живописна фотографија. Ја отвора вратата за бројни примени, како венчални фотографии, крштевки и рапидно растечките дела на портрети во живо, а со печатење без рамка до 42“, вашите отпечатоци ќе остават максимален впечаток.
Подеднакво е важно тоа, што iPF9100 ви овозможува да произведувате дела, кои се тука за секогаш, со отпечатоци, кои гарантирано нема да бидат оштетени од светлото (отпорност на светлина) за 100 години.
Со вградена алатка за калибрирање на боите, вашите отпечатоци ќе бидат постојано исти при секое следно печатење и, откако ќе го поставите калибрираниот печатач, нема потреба од надворешни уреди.
Економично и високо продуктивно печатење Големиот број достапни мастила, плус воведувањето на две одделни сиви мастила, значи дека, за разлика од вообичаените системи, тука има многу помала потреба од мешање на боите (за да се создадат други бои), а како последица на тоа, потребно е многу помалку мастило. Што значи брилијантни резултати, кои се и многу економични.
Таков иновативен систем значи и дека нема да ги доведувате во прашање вашите рокови. iPF9100 може да печати скици во A0 за нешто повеќе од 2 минути. Резервоарите за мастило, со голем капацитет (700ml), може да се заменуваат во текот на печатењето, овозможувајќи постојани перформанси, кои ги постигнуваат сите рокови.
Лесно ќе живеете и ќе растете со него Големиот ЛЦД го прави ракувањето со iPF9100 неверојатно лесно, овозможувајќи ви да се фокусирате на креирањето на своите ремек-дела. Специјалната управувачка програма за печатачи, од Canon, ви дава пристап до богатство од напредни способности, како KYANOS, управувањето со боја на Canon, од следната генерација. Но за едноставно работење, може да го изберете „лесниот режим“, користејќи ги разните однапред конфигурирани нагодувања. Вклучен е и дополнителен софтвер, кој ги подобрува поврзувањето и способноста на вашата средина за печатење во голем формат, кој вклучува и Digital Photo Front Access, помошна програма за Photoshop, а како опција можете да го додадете и неверојатниот софтвер на Canon, за креирање постери, PosterArtist 2007.
|