|
Во денешното канцелариско опкружување, сè престанува да работи доколку системот прекине со работа или некоја важна компонента не успее да ја изврши својата функција. Со услугата и поддршката на Канон, можете да бидете сигурни дека ќе добиете најмногу од вашите деловни решенија, а со тоа и најголема вредност од вашите инвестиции. Ние сме стручни во одржувањето и услужувањето на нашите сопствени производи, онака како што вие би очекувале, но исто така, ние сме овластени да обезбедиме услуга за многу други брендови, доколку има потреба за тоа. Благодарение на нашето постојано инвестирање во обучувањето на нашите инжинери, вие имате пристап до една од најмоќните мрежи за услуги на пазарот, каде и да сте во Европа. Нашата флексибилна понуда на можности за поддршка значи дека точно можете да пронајдете пакет што најдобро одговара на вашата деловна активност. За техничката помош и поддршка на софтверот, нашите служби за помош се оддалечени само на еден телефонски повик од вас, и многу од вашите барања ќе бидат решени бргу и едноставно по телефон, со помош на лице од нашиот љубезен и искусен персонал. Услугите на Канон за одржување нудат спокојство без конкуренција. Резултатите од нашиот тековен процес на следење на задоволството на купувачите покажуваат дека имаме многу задоволни купувачи, а резултатот се користи за постојано подобрување на нашите услуги.
|