Управување со печатење и уреди |
|
|
|
Зголемете ја ефикасноста максимално и преземете контрола над трошоците. Вие можете брзо и едноставно да добиете оптимални перформанси на вашите вмрежени уреди за печатење, користејќи ги решенијата за управување со уреди на Канон. Нашата разновидна понуда за софтверски алатки овозможува позитивни придобивки низ целата мрежа за сите, од мали кориснички групи до големи претпријатија распространети на повеќе места. Овие алатки им овозможуваат на корисниците на мрежата да ги споделуваат уредите поефикасно во текот на печатењето. Во меѓувреме, администраторите на системот можат да постигнат поголема ефикасност во управувањето со уредот, користејќи ја предноста за интегрирана, централизирана контрола.
|
|
|
Оптимизирањето на перформансите на вашите уреди за печатење со помош на Kанон, може да направи вистинска разлика во ефикасноста на вашето канцелариско опкружување. Проактивното надгледување на уредот во реално време, им покажува на корисниците точно каде и кога ќе биде отпечатена нивната работа, додека способноста за откривање и препознавање проблеми, го намалува времето за прекин на работата. Без разлика колку е голема вашата мрежа, ќе сфатите дека до овие придобивки се доаѓа лесно, затоа што преку едноставен, кориснички наклонет и флексибилен интерфејс, секоја функција е лесно достапна.
|
|
|
 |
|