За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши избори

Конзола за управување iW

iW Management Console (iWMC) е решение за управување со мрежни уреди преку Интернет, дизајнирано да ги намали вкупните трошоци за поседување мултифункционални печатачи (MFP) и да обезбеди максимална продуктивност. Софтверот е дизајниран да управува, надгледува и контролира повеќе вмрежени мултифункционални печатачи и печатачи низ целата организација, и тоа уреди на Канон и уреди од други произведители. Оваа едноставна централизирана конзола им овозможува на администраторите да ги намалат значително вкупните трошоци за поседување мултифункционални уреди во мрежата.

Дали сакате централно да управувате со вашите уреди?

Со софтверот iWMC, деловните претпријатија имаат уред за интуитивно управување кој им овозможува на администраторите лесно да пристапат до информациите во уредот во реално време, да ги надгледуваат поединечните уреди постојано и да вршат контрола за да се обезбеди оптимална ефикасност. Информациите за статусот на уредот како што се простор на хард диск, големини на хартија и преостанати количини во уредот можат исто така, да се преземаат централно, со кликнување на иконката за односниот уред, преку интерфејс на далечинско управување, кој се наоѓа на компјутерот на администраторот.


Максимално зголемување на времето за правилно работење
За да обезбеди непречено работење на мултифункционалните печатачи во една организација (да се намали времето за прекинување на работата) iWMC ја надгледува работата на уредот, за да гарантира постојано снабдување со потрошни материјали и хартија. Тој исто така. испраќа предупредувања, за да гарантира брза поправка на грешките, вклучувајќи заглавување хартија и неправилности. Конзолата исто така може да открие нови уреди, со што безбедноста на мрежата во организацијата е загарантирана до највисоко ниво.


Автоматско управување со задачи
Софтверот iWMC е дизјниран да ја намали работата на администраторите и нарушувања на работата кај корисниците со помош на автоматско управување со задачи и способност за групирање. Можете да прилагодите неколку задачи во уредот и истите можат да се извршат во текот на ноќта или за време на викендите, со што би се намалило нарушувањето на работата во текот на работното време.


Прилагодливост
Софтверот iWMC е многу прилагодлива платформа која овозможува дополнителни приклучни програми, така што решенијата за уредите растат паралелно со барањата и потребите. Приклучната програма за управување со адресарот iR и приклучната програма за управување со управувачот за печатач се достапни уште од самото издавање на софтверот iWMC. Ова овозможува централно поставување и управување на адресарот iR и дистрибуција до уредите на Канон iR/iR C, согласно инфраструктурата на компанијата. Управувачите за печатачи на Канон можат да бидат управувани и инсталирани централно на посебен компјутер, со помош на iWMC.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошура
Софтвер
Бела хартија iWMC [PDF, 351 KB]
Ваши решенија
Следење и кнотролирање документи
Управување со документи
Распределба на документи
Заштита
Управување со печатење и уреди
Управување со боја
Работен процес на производство
Печатење на променливи податоци
Професионални решенија за печатење [PDF, 736 KB]
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба