За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши избори > Интелегенција на управување со документи

Интелегенција за управување со документи

Дали вашиот персонал сè уште губи време во барање документи?

Вработените во канцеларија минуваат до 8 часа неделно барајќи документи*, што за компанијата значи трошење време и пари. Но, не мора да биде така. Со софтверот за управување со документи на Канон можете поефикасно да управувате со вашите документи, да ја намалите рачната обработка и да овозможите моментно, безбедно пронаоѓање на документите. Затоа, ако сакате да работите попаметно, заштедете и пари на вашата компанија и намалете го стресот во канцеларијата со софтверот за управување со документи, сега вие го можете тоа.

Софтверот за управување со документи на Канон едноставно ги оспособува сите подрачја од вашето деловно работење да ги користат поефикасно информациите од документите. Тој овозможува брзо и точно пребарување на документите, како и нивно лоцирање без поместување на еден лист хартија или напуштање на вашата работна маса.

Размената и распределбата на документи без потребите од факс-уред или поштенските услуги кои одземаат време, прават барањата на вашите клиенти да бидат задоволени побргу и полесно од кога и да е, без разлика дали работите од управната зграда, од филијалата или од дома.

Нашите високо-стручни деловни консултанти за решенија работат со вас за да ги разберат вашите потреби. Со нивното значајно искуство, тие можат да ви помогнат да ги идентификувате потенцијалните подобрувања кои можат да се остварат во вашето работење преку софтверот за управување со документи. А, бидејќи нашите системи се стандардизирани, тие лесно се вградуваат без потреба од големи измени во вашите постоечки процеси на обработка, со што се намалуваат трошоците и прекинот со работа кои новите системи честопати ги носат со себе. 

Така, со стручноста во различни области од индустријата и различни подрачја на примена во право, медицина, образование и осигурување, софтверот за управување со документи е посебно дизајниран да го реализира потенцијалот на вашето деловно работење и нуди брзо и мерливо враќање на инвестицијата.

Со тоа што го избирате Канон, вие придобивате со нашата единствена понуда на „целокупен производ“, која ви нуди еден контакт со нашите искусни консултанти, кои можат да ви ги препорачат вистинските компоненти, специфични за вашите деловни барања. Понатаму, нашата тековна помош гарантира дека вашиот систем ќе продолжи да се развива во чекор со вашите потреби.  

*Истражување на Blue Lion

 Испечати ја оваа страница 

Сроден софтвер
ADOS
Ваши решенија
Следење и кнотролирање документи
Управување со документи
Распределба на документи
Заштита
Управување со печатење и уреди
Управување со боја
Работен процес на производство
Печатење на променливи податоци
Професионални решенија за печатење [PDF, 736 KB]
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба