За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши избори > SCCP

Пакет за контрола на сигурноста и трошоците

Подобрете ги можностите на вашите Canon повеќефункциски печатачи на едноставен начин со Пакетот за контрола на сигурноста и трошоците. Оваа економична софтверска алатка ќе ја подобри сигурноста на вашите документи и исто така ќе ви помогне да заштедите пари.

 Клучни предности

  • Едноставна софтверска алатка за повеќефункциските печатачи на Canon
  • Детално следење на активностите заради намалување на трошоците
  • Безбедно печатење со бројни опции за идентификација
  • Скалабилно решение со јасен правец за надградба
  • Едноставно инсталирање и минимална обука

Следење на активностите и намалување на трошоците 

Со Пакетот за контрола на сигурноста и трошоците се врши снимање на деталите за секоја задача за печатење, копирање и скенирање, што на раководните лица им овозможува да ја следат употребата на секој уред.

Софтверот прави разлика помеѓу црно-белото и печатењето во боја, разните димензии на хартијата и врши снимање на активностите за скенирање и испраќање. Овие корисни информации можете да ги употребите за заштеда на пари, на пример преку наложување на корисниците кои често печатат во боја да ја ограничат таа активност само на одредени видови документи. 

Безбедно печатење 

Осигурете се дека доверливите информации ќе останат такви. Безбедно печатење значи дека документите ќе се отпечатат само кога релевантниот корисник ќе изврши автентификација на повеќефункцискиот печатач. Со ова ќе се отстрани проблемот на преполнување на излезните фахови на печатачите, при што документите кои не се земени можат да бидат видени од лица кои не се овластени за тоа. А бидејќи отпечатените материјали се преземаат само кога се потребни, нема да се јавуваат заборавени документи и со тоа ќе се намали непотребното трошење хартија.

Практично печатење

Благодарение на My-Print-Anywhere, документите можат да бидат подигнати од кој било уред на мрежата на кој е ставена апликацијата. Корисниците едноставно се идентификуваат на најпогодниот повеќефункциски печатач и соодветните документи веднаш ќе бидат отпечатени. 

Флексибилни методи за идентификација

Постојат повеќе начини за вршење на автентификација на корисниците кај повеќефункциските печатачи од Canon. На пример, PIN броеви, кориснички имиња и лозинки, па дури и HID картички со технологија без допир. 

Скалабилно решение 

Доколку вашиот бизнис забележува пораст и бројот на уреди се зголеми или едноставно ви е потребна поголема контрола, можете да извршите надградба кон решението "uniFLOW Output Manager" за продолжување со управувањето на вашиот процес за печатење.

 

 

 Испечати ја оваа страница 

Useful Downloads
Security & Cost Control Pack Brochure [PDF, 1.93 MB]
Ваши решенија
Следење и кнотролирање документи
Управување со документи
Распределба на документи
Заштита
Управување со печатење и уреди
Управување со боја
Работен процес на производство
Печатење на променливи податоци
Професионални решенија за печатење [PDF, 736 KB]
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба