едноставен и интуитивен за користење брза, ефективна соработка за зголемена продуктивност поголема ефикасност и контрола врз трошоците исклучителна тековна економичност помага мултифункционалните печатачи на Канон да работат повеќе, за подобра исплатливост на инвестицијата
Софтверскиот пакет iW360 ги здружува петте водечки канцелариски апликации на Канон, со што овозможува „супер опремување“ на вашите мултифункционални печатачи и вашите работни операции. Дизајниран за да ја оптимизира работната продуктивност и функционрајќи во центарот на канцелариските активности, iW360 е идеално опремен за која било деловна активност или организација која има потреба да ги насочи начините на управување со документите. iW360 ви овозможува да печатите документи со висок квалитет и да управувате со голем број на податоци за неколку минути, на пример, изработка на документи за презентација, спојување белешки и рецепти, изработка на планови за патување и надградба на упатства за работа со производи. iW360 може да помогне во зголемување на продуктивноста во скоро секој вид на канцелариско опкружување. iW FunctionFlow. Оваа најнова можност нуди однапред дефинирани тастери и персонализирана функционалност која овозможува брз проток од скенираните документи Компактниот PDF овозможува да ја намалите големината на скенираните документи PDF-то што може да се пребарува ви овозможува да ја пребарувате содржината на скенираните и распределените документи iW Document Manager (iWDM) – лична алатка за вашата работна околина која овозможува пребарување, складирање и споделување документи iW Publishing Manager (iWPM) овозможува изработка на документи со професионален квалитет, со вложување минимален напор. Совршено решение кога имате краток временски рок за извршување на работата.
Кога iW360 е интегриран со вашиот мултифункционален печатач, тој навлегува во секој аспект од вашата работна комуникација. Независно дали се работи за маркетинг, продажба, книговодство, човечки ресурси, технички оддел, администрација – на ниво на управување или во продавница. Со iW360 можете многу лесно и брзо да отпечатите документи со супериорен квалитет со само еден допир на копче. Повеќе нема потреба да трошите време собирајќи податоци од различни постоечки извори и да ги собирате рачно, или да ги преработувате за да се вклопат во вашиот постоечки формат. Сега можете едноставно да ги скенирате информациите кои ви требаат – а за форматот не треба да се грижите. Можете да го прегледате документот, потоа да го ископирате и да внесете броеви на страницата пред печатење или електронско пренесување. Со новите и моќни опции на софтверот за пребарување, можете ефикасно и брзо да ги најдете документите и содржините кои ви требаат, врз основа на клучен збор или израз. Работата е завршена на попаметен начин.
|