За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За на работа > Ваши избори

Софтвер за управување со отпечатени примероци uniFLOW

Точно мерење на употребата и трошокот по корисник, работна група или оддел – тоа е многу едноставно со софтверот на Канон за управување со отпечатени примероци uniFLOW. Детално известување значи дека можете најефикасно да ги искористите вашите производствени ресурси, со минимизирање на трошоците и стратешко поставување на уредите во деловите каде што тие се најпотребни. Овој софтвер е стандардизиран, а исто така може и да се конфигурира, така што може да се прилагоди на потребите на широка палета деловни активности, дури и на потребите на цели одделенија.

Контролирајте го печатењето

Софтверот за управување со отпечатени примероци uniFLOW е многу повеќе од решение за анализа и известување за печатење – тој е начин за здобивање со целосна контрола врз вашето печатење. Во канцеларијата, неговите  способности за пренасочување овозможуваат работата за печатење да ја пренасочите на најекономичниот уред, во зависност од големината и квалитетот (печатење во црно- бела или во боја). Исто така, во случај на проблеми, тој може да го пренасочи отпечатениот примерок на алтернативни уреди, така што истите не влијаат врз продуктивноста на вработените.

Во корпоративните одделенија за репрографика (ЦРД), способноста за балансирање на оптоварувањето ви овозможува распоредување на работите за печатење на неколку различни уреди за печатење, што гарантира оптимална ефикасност и искористеност.

Софтверот за управување со отпечатени примероци uniFLOW исто така, вклучува и одреден број на дополнителни карактеристики, како што се извршување работи со зголемено ниво на безбедност, компјутерско книговодство, групирање и испишување  на работни картички – сè со цел да ви обезбеди крајна најдобра контрола во печатењето и трошокот.

 Испечати ја оваа страница 

Useful Downloads
uniFLOW Brochure
Ваши решенија
Следење и кнотролирање документи
Управување со документи
Распределба на документи
Заштита
Управување со печатење и уреди
Управување со боја
Работен процес на производство
Печатење на променливи податоци
Професионални решенија за печатење [PDF, 736 KB]
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба