|
Колку се вредни овие доверливи податоци за вас?
Колкава е за вас вредноста на доверливите податоци со кои располага вашата организација? Без оглед дали станува збор за деловни планови, статистика или лични податоци со чувствителен карактер, информацијата што ја содржи некој документ што го печатите, може да ја претставува сржта за некоја деловна активност. Канон ги контролира предизвиците на безбедноста
Ние во Канон го разбираме суштинското значење за заштита и чување на доверливите податоци. Во истовреме, ние знаеме дека безбедноста не е проблем што се заснова на принципот „сè или ништо”. Затоа, ние ви нудиме широк асортиман на можности и решенија за безбедноста, кои може да бидат моделирани така што да се однесуваат на одредените потреби за посебни работни опкружувања. Без разлика каква заштита им е потребна на вашите специфични податоци, ние можеме да ви овозможиме да ја преземете контролата.
|