PlanetPress Suite е стандардизирано софтверско решение кое, поради својот висок степен на флексибилност, своите можности за лесна употреба и интеграција, е во можност да им понуди на корисниците значителна ефективност и ефикасност во креирањето и производство на документи со променливи податцои.
|
|
Основа на овој софтвер е обработотка на податоци од буквално која било база на податоци или кое било опкружување на централниот компјутер. Интерфејсот, кој е така дизајниран да може со него да се ракува лесно, им овозможува на корисниците бргу да креираат примероци на документи со статички елементи, како и со променлив текст, табели, слики и логоа - надополнети со дијаграми, графикони и бар кодови со податоци. Потоа, пополнетиот примерок се зачувува на тврдиот управувач за печатач, а променливите елементи се динамично споени. Ова значи дека до печатачот се испраќаат само променливи податоци, со што најмногу се растеретува сообраќајот во мрежата и се подобрува брзината на печатење.
Модулот PlanetPress Watch, по избор, со својот еднакво интуитивен кориснички интерфејс, овозможува да се развие снимањето податоци и распределување документи за време на работата. На пример, поединечниот проток на податоци може да се прикаже во вид на различни документи до различни печатачи или е-пошта, факс, Интернет или архива на документи. Или, текот на податоците може да се подели, во зависност од одредени услови за податоци, а потоа да се прикаже на различни начини.
Клучни карактеристики:
· Лесен за ракување, интуитивен интерфејс со прозорци со опции за влечење и пуштање за креирање едноставни документи, овозможувајќи им на корисниците да ги подобрат корпоративната графика и известувањето, по нарачка,
· Обработка на податоци добиени од скоро сите бази на податоци и опкружувања на централниот компјутер, без потреба за скапи повторни програмирања на системи
· Ја подобрува вредноста на документите со помош на условена обработка и вистинско внесување на лични обележја, вклучувајќи автоматско генерирање на дијаграми и графикони во полна боја
· Овозможува автоматско снимање на податоците и распределба на документи за време на работата, засновани на прописи за деловно работење дефинирани од страна на корисникот, при што овозможува истовремено печатење, испраќање по е-пошта, факс и архивирање
· Печати документи при номинална брзина на печатачот и искористување на целокупната функционалност на печатачот
· Огромна заштеда на време и трошоци преку елиминарање на приборот за претходна подготовка за печатење
|