Софтверот PrintShop Mail го прави персонализираното печатење брзо и лесно. Тој вклопува информации од база на податоци во изглед на документ. Можете да креирате документ во кој било изглед или дизајн, и да го користите скоро секој формат од базата на податоци. Со едноставно влечење и испуштање на полиња од базата на податоци врз документот, софтверот PrintShop Mail креира врска помеѓу полето на на базата на податоци и документот. PrintShop Mail потоа дава моментен преглед и нуди моќен извор на опции за проверка
|
|
Документот со врски до базата на податоци се испраќа на печатачот RIP само еднаш. Во текот на процесот на печатење, од базата на податоци до печатачот се испраќаат само променливите информации, додека статичниот дел од работата нема потреба повторно да се испраќа. Ова во голема мерка го скратува процесот на печатење и го намалува оптеретувањето на мрежата, правејќи го печатењето на променливи податоци ефикасно, а процесот економичен. Клучни карактеристики
· Лесен за учење - креирајте персонализирани деловни печатења брзо и лесно со функциите влечи и пушти податоци
· Комплет условени правила за композиции насочени кон базата на податоци
· Брзите функции за проверка на точноста и преглед го намалуваат ризикот од грешки и го рационализираат работниот тек.
· RIP еднаш, печатете многу – намалете го вкупното време за печатење и сообраќајот во мрежата
· Способноста за повторување на изгледот за повеќекратни дизајни го поедноставува натрупувањето и сечењето на отпечатениот материјал надвор од линијата.
· Можностите за прилагоден бар код и заштитно нумерирање го зголемуваат обемот на персонализираните материјали
· Независност во примена - користете постоечки нацрти и апликации за база на податоци
· Компатибилен со платформите за персонален компјутер и Мекинтош, овозможувајќи им на корисниците лесно да комбинираат податоци и да управуваат со содржини од креативни, административни и маркетинг опкружувања
|