no consumer
За Canon

За нас

Canon Европа е филијала на корпорацијата Canon од Јапонија, водечки иноватор во светот и добавувач на графички решенија.

Нашата деловна активност
Повеќе од 50 години испорачуваме пионерски технологии за графика на нашите купувачи во Европа.

Нашите купувачи имаат придобивки од употребата на потрошувачки и професионални графички производи вклучувајќи водечки опреми за фотографирање, печатачи, скенери и двогледи, како и понуди на напредни дигитални и SLR фото-апарати. Во прилог на тоа, нашата единица за деловни решенија нуди огромен избор на решенија за печатење документи за мали и средни претпријатија, големи корпорации и влади.

Нашата деловна единица за индустриски производи и понатаму сè повеќе ги проширува понудите, нудејќи производи кои се погодни за различни пазари, како што се пазари за медицина, за оптика, за емитирање и мултифункционалните пазари за ИТ.

Canon Европа учествува со една третина во вкупната глобална продажба на компанијата Canon и има вработено 18,000 луѓе во регионите ширум Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA).

Нашата марка
Ние во Canon веруваме во моќта на сликата: моќта за брза и лесна комуникација, за пренесување најголема префинетост, за предизвикување силни емоции и за поедноставување на најсложените задачи.

Ние ја оживуваме нашата страст за слики преку изедначување на марката Canon со широк асортиман на високо-профилни активности, од рекламни кампањи како што беше неодамнешната корпоративна кампања „Зборуваме преку сликите“, па сè до клучни културни и спортски спонзорства, и европски настани и изложби.

Нашата платформа на марката „Вие го можете тоа“ (You Can) ја опфаќа  суштината на марката Canon и е направена да ги инспирира нашите купувачи да ја истражуваат својата креативност и да имаат поголема моќ со нашите технологии. Со Canon – Вие го можете тоа

Преку официјални спонзорства како што се UEFA EURO 2008™ и активности поврзани со животната средина, како што е поддршката за WWF, компанијата Canon ја изразува својата страст за моќта на сликата и посветеноста на нашата јапонска корпоративна филозофија Kyosei, што значи „да се живее и работи за општо добро“. Дознајте повеќе за Kyosei.

Откријте информации за глобалната групација на Canon

Пронајдете ги клучните факти и бројки за Canon Европа

Откријте го целиот асортиман на производи

spacer
					image