|
Нашата деловна активност
Повеќе од 50 години испорачуваме пионерски технологии за графика на нашите купувачи во Европа.
Нашите купувачи имаат придобивки од употребата на потрошувачки и професионални графички производи вклучувајќи водечки опреми за фотографирање, печатачи, скенери и двогледи, како и понуди на напредни дигитални и SLR фото-апарати. Во прилог на тоа, нашата единица за деловни решенија нуди огромен избор на решенија за печатење документи за мали и средни претпријатија, големи корпорации и влади.
Нашата деловна единица за индустриски производи и понатаму сè повеќе ги проширува понудите, нудејќи производи кои се погодни за различни пазари, како што се пазари за медицина, за оптика, за емитирање и мултифункционалните пазари за ИТ.
Канон Европа учествува со една третина во вкупната глобална продажба на компанијата Канон и има вработено 11,000 луѓе во регионите ширум Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA).
Нашата марка
Ние во Канон веруваме во моќта на сликата: моќта за брза и лесна комуникација, за пренесување најголема префинетост, за предизвикување силни емоции и за поедноставување на најсложените задачи.
Ние ја оживуваме нашата страст за слики преку изедначување на марката Канон со широк асортиман на високо-профилни активности, од рекламни кампањи како што беше неодамнешната корпоративна кампања „Зборуваме преку сликите“, па сè до клучни културни и спортски спонзорства, и европски настани и изложби.
Нашата платформа на марката „Вие го можете тоа“ (You Can) ја опфаќа суштината на марката Канон и е направена да ги инспирира нашите купувачи да ја истражуваат својата креативност и да имаат поголема моќ со нашите технологии. Со Канон – Вие го можете тоа
Преку официјални спонзорства како што се UEFA EURO 2008™ и активности поврзани со животната средина, како што е поддршката за WWF, компанијата Канон ја изразува својата страст за моќта на сликата и посветеноста на нашата јапонска корпоративна филозофија Kyosei, што значи „да се живее и работи за општо добро“. Дознајте повеќе за Kyosei.
Откријте информации за глобалната групација на Канон
Пронајдете ги клучните факти и бројки за Канон Европа
Откријте го целиот асортиман на производи
|